Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

169-та седница на Владата

Седницата се оддржа на: 05/05/2026 12:00

Точка Наслов
1 Информација за продолжување или запирање на судската постапка за признавање и извршување на судска одлука против Ставри Крумов Ставри од Софија Република Бугарија пред Софискиот градски суд CTР бр.08-27/22 (стрбр.3/26)
2 Бизнис-план на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија - Скопје за 2026 година, со предлог-одлуки
3 Предлог-одлука за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија (со површина од 23.285 м² во општина Аеродром-Скопје, за изградба на објект од јавен интерес со намена Д3-спорт и рекреација)
4 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република С. Македонија за период од 19.04.2026 до 25.04.2026 година
5 Информација за давање на согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми ,,Национални шуми” П.О. – Скопје за 2026 година, со Предлог-одлука
6 Информација во врска со стекнат непаричен влог во Друштво за друмски собрачај Реиска ДОО Свети Николе во сопственост на Република Северна Македонија, ДП број 03-428/1
7 Информација за формирање на Работна група за регулирање на имотно-правен статус во врска со 110kV трафостаници помеѓу АД МЕПСО - Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје
8 Информација за статусот на реализација на Проектот за поврзување на локални патишта и потреба од предолжување на рокот за затворање на проектот (Договор за заем бр. 9034-МК и Договор за заем за дополнително финансирање бр. 9210-МК финансиран од Светска банка)
9 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување, поднесено од ХОТЕЛ ОЛД СИТИ, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителски објект
10 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување, поднесено од Хотел Гранд М, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителски објект
11 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување, поднесено од МОТЕЛ ВИЛА МИХАEЛА, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителски објект
12 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување, поднесено од ХОТЕЛ МООМА, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителски објект
13 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување, поднесено од Хотел Муфрима Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителски објект
14 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување, поднесено од Хотел Хантинг Клуб Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителски објект
15 Предлог-одлука за формирање на Советодавна комисија за спроведување на планот за интервенција во случај на вонредно пореметување на снабдувањето на пазарот со сурова нафта и/или нафтени деривати
16 Информацијата за потпишување на Конвенцијата за формирање на Меѓународна Комисја за побарувања за Украина
17 Информација за планирање на финансиски средства за учество во потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа на Европската Унија
18 Информација за финансиско поддржување на воведување сензорни соби во детските градинки во текот на 2027 година, со цел унапредување на инклузивното предучилишно образование
19 Информација за реализација на Проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик, деца корисници на посебен додаток и деца без родители и родителска грижа, за лето 2026 година
20 Информација за реализација на Проект „Санација на маалски мултинаменски игралишта“
21 Иницијатива поднесена од Димитар Цеков од Струмица, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.31/2026 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 152 став 2 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр.98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14, 188/14, 20/15, 61/15, 97/15, 129/15, 147/15, 154/15, 173/15, 217/15, 27/16, 120/16, 132/16, 35/18, 220/18 и 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 180/19, 275/19, 31/20, 267/20, 67/22, 79/23, 193/24, 75/25, 154/25 и 269/25)
22 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.47/2026 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 60 став 2 во делот „кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 60 години на живот за жена, односно 62 години на живот за маж” од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020, 163/2021, 294/2021, 99/2022, 236/2022, 65/2023 и 192/2025)
23 Иницијатива поднесена од Сојуз на здружение на тутунопроизводители на Република Северна Македонија од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.37/2026 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 31 ставови 9, 10 и 11 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи („Службен весник на Република Северна Македонија” број 98/2019, 27/2020, 94/2020, 56/2021 и 154/2025)
24 Понуда од нотар Никола Камчев од Радовиш, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.82825, за КО Радовиш, на КП бр.1942, викано место/улица „Калаузлиска“
25 Понуда од нотар Фросина Клисароска Канчевска од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.2044, за КО Злокуќани, на КП бр.771/1, викано место/улица „Зајчев рид “
26 Понуда од нотар Верица Панова-Стевкова од Струмица, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.65722, за КО Струмица, на КП бр.6634/66, викано место/улица „Балабаница“
27 Понуда од извршител Гордана Џутеска од Охрид, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.95087, за КО Охрид 2, на КП бр.11189/1 и КП бр.11203/1, викано место/улица „7-ми Ноември“
28 Информација за прогресот на отворање на нови детски градинки (за период од 1.1.2026 година до 31.3.2026 година)
29 Информација за постигнати резултати од спроведен Конкурсот за стручни и дефицитарни кадри во уметноста и заштитата на културното наследство за 2025 година
30 Извештај за спроведување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи за 2025 година
31 Информација за статусот на реализација на активностите предвидени со Проектот за модернизација на земјоделството, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска Банка заклучно со декември 2025 година
32 Информација за текот на реализација на договорот за финансирање меѓу Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Владата на Република Северна Македонија
33 Кадровски прашања
34 Прашања и предлози
35 Информација за потребата од воспоставување и операционализација на Единица за имплементација на проектот, за проектот „Изградба на нова железничка делница Крива Паланка – граница со Република Бугарија, како дел од железничкиот Коридор VIII“
36 Информација за потребата од прераспределба на дел од средствата од заемот од Европска Банка за обнова и развој за финансирање на Проектот обнова на возен парк
37 Предлог - одлука за продажба на движни ствари (патнички и товарни моторни возила и дигалка кран, за старо железо – вкупно 15) и Предлог – одлука за продажба на движни ствари (патнички моторни возила – вкупно 3) (Предлагач: Јавна установа Национален Парк Маврово - Маврови Анови)
38 Предлог-одлука за продолжување на Концесијата за експлоатација на минерална суровина гипс на Друштвото за трговија и услуги ДИГИПС ДОО Дебар на локалитетот „с.Долно Косоврасти“, Општина Дебар
39 Информација за формирање на Комисија за спроведување на Јавен повик за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – минерална вода на локалитетот „с.Мокрино“ Општина Ново Село, со Предлог-решение
40 Информацијата за постапката за истапување на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија од Друштвото за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, со цел повлекување на непаричниот влог кој се состои од правото за приредување електронски игри на среќа
41 Предлог одлука за затворање на амбасадата на Република Северна Македонија во Република Естонија, со седиште во Талин
42 Предлог одлука за отворање на Амбасада на Република Северна Македонија во Република Литванија, со седиште во Вилнус
43 Информација За напредокот на проектот ,,Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија''
44 Информација за Подготовка на придонес на Република Северна Македонија кон Извештајот на Европската комисија за 2026 година Informacion për përgatitjen e kontributit të Republikës së Maqedonisë së Veriut në Raportin e Komisionit Evropian për vitin 2026

 

Мени за пристапност