Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

178-та седница на Владата

Седницата се оддржа на: 02/06/2026 12:00

Точка Наслов
1 Предлог - одлука за продажба на движнa ствар (патничкo моторнo возилo)
2 Годишен извештај за работата на Советот за образование на возрасните за 2025 година и Годишна програма за работа на Советот за образование на возрасните за 2026 година
3 Годишна сметка за 2025 година, Годишен извештај за работењето на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија за 2025 година и финансиските извештаи за 2025 година, со Извештај од независниот ревизор за 2025 година и со предлог-одлуки
4 Програма за работа за 2026 година и Финансиски план за 2026 година на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, со Предлог - одлука
5 Информација за обезбедување на финансиски средства во наредни години за спроведување постапка за јавна набавка за изработка на геодетски елаборати за потребите на Дирекцијата за ТИРЗ
6 Информацијата за степенот на реализација на активностите предвидени во Акцискиот план за реализирање на препораките од Извештајот од 5-от круг на евалуација од страна на Комитетот Мoneyval при Советот на Европа усвоен во мај 2023 година (реализирани заклучно со 15 август 2025 година)
7 Извештај за реализирана Годишна програма за работа на Институт за акредитација на Република Северна Македонија за 2025 година
8 Предлог-одлука за пренесување на недвижни ствари во сопственост на Град Скопје (Имотен лист бр.47064, КО Гази Баба, КП.бр.1732)
9 Предлог-одлука за пренесување на недвижни ствари во сопственост на Град Скопје (Имотен лист бр.662, КО Гази Баба, КП.бр.1944/1)
10 Предлог - одлука за пренесување на недвижна ствар во сопственост на Град Скопје (Имотен лист бр.53827, КО Гази Баба, КП.бр.1832/2)
11 Предлог - одлука за пренесување на недвижна ствар во сопственост на Град Скопје (Имотен лист бр.47265, КО Гази Баба, КП.бр.1832/2)
12 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижни ствари на Општина Неготино
13 Предлог-одлука за пренесување на недвижни ствари во сопственост на Општина Радовиш (Имотен лист бр.9592, КП бр. 3831/9 и Имотен лист бр.81275, КП бр. 3830)
14 Предлог – одлука за давање на трајно користење на недвижна ствар на Општина Делчево (Имотен лист бр.1037, КО Делчево, КП бр.8703/2)
15 Предлог-одлука за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена во урбаництички план или планска документација, а лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела кое претставува КП бр.2819/3, КП бр.2815/5, КП бр.346/7, КП бр.347/6, КП бр.347/7 и КП бр.985/1, КО Станче со површина од 46.293 m², за изградба на објект со основна класа на намена : Е1.13- Површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10 MW
16 Барање со Предлог-одлука за престанок на користење на недвижни ствари на Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија во државна сопственостна (КП бр.14559, КО Кочани), со Предлог - одлука
17 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република С. Македонија за период од 10.05.2026 до 16.05.2026 година
18 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република С. Македонија за период од 17.05.2026 до 23.05.2026 година
19 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 14.05.2026 до 20.05.2026 година
20 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 14.05.2026 до 20.05.2026 година
21 Предлог на закон за измена и дополнување на Закон за зоотехника
22 Предлог на закон за користење на енергијата од обновливи извори (*)
23 Предлог-уредба за мерки и активности за справување со електроенергетска криза (*)
24 Информација во врска со поднесената иницијатива за започнување на постапка за доделување на концесија за вршење на проспекциски геолошки истражувања на неметалични минерални суровини на простор „Ореше Б“ Општина Чашка, со Предлог – одлука
25 Информација во врска со Јавниот повик за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина и Тендерска документација за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – бентонитска глина на локалитетот „Ранковце“, Општина Ранковце
26 Информација за добивање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Златица Анастасова, ул.Дојранска бб, Неготино, со Предлог-одлука
27 Информација за добивање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Јана Митева, с.Бистренци, Демир Капија, со Предлог-одлука
28 Информација за давање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Илчо Ѓорѓиоски, ул. Христо Батанџиев бр. 49, Ѓорче Петров, Скопје, со Предлог-одлука
29 Информација за давање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со непосредна спогодба со Друштво за производство, трговија на големо и мало, преработка, продажба и услуги, увоз-извоз ДООЕЛ ,,ДЕАЛТАСК ФРЕШ” Ресен (39-2301/1), Предлог-одлука
30 Информација во врска со поднесеното Барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од хотел Тасино Чешмиче, Скопје, со Предлог-решение
31 Информација во врска со поднесеното Барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од хотел Котларапарт Oхрид, со Предлог-решение
32 Информација во врска со поднесеното Барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од хотел Витторе Охрид, со Предлог -решение
33 Информација во врска со поднесеното Барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од хотел Султан’с Скопје, со Предлог-решение
34 Информација во врска со поднесеното Барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од хотел Калипсо Хотели Гевгелија, со Предлог-решение
35 Информација во врска со поднесеното Барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од хотел Истатов Дојран, со Предлог -решение
36 Информација во врска со поднесеното Барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од хотел Аристократ Фиш Ресторан Скопје, со Предлог-решение
37 Информација за Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, со Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година
38 Предлог на закон за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи(*)
39 Информација за потребата од донесување на Стратегија за управување со фармацевтски отпад на Република Северна Македонија 2026–2030 година, со Акциски план 2026–2028 година
40 Информација за потребата од донесување на Стратегија за дигитално здравство на Република Северна Македонија 2026-2030 година со акциски план 2026-2028 година
41 Предлог - одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Јавната здравствена установа Здравствен дом на Скопје - Скопје (Интраорален рентген апарат)
42 Предлог - одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Јавната здравствена установа Клиничка болница ,,д-р Трифун Пановски”- Битола (лапароскопска и ендоскопска опрема)
43 Предлог – одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Јавната здравствена установа Општа болница - Струмица (Ангиографска цевка и Детектор )
44 Предлог - одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за неврологија - Скопје (Апарат за Електромиографија (ЕМГ) и Евоцирани потенцијали (ЕП) и Апарат за Електроенцефалографија (ЕЕГ))
45 Предлог - одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Јавната здравствена установа Клиничка болница Штип (Лапароскопска и ендоскопска опрема и Цисто-уретроскопски сет)
46 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Општина Охрид
47 Извештај на Ректорот за работата на Универзитетот „ Мајка Тереза“ во Скопје за период од април 2025 до април 2026 година
48 Барање за давање на автентично толкување на членот 130 став (4) од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поднесено од пратеник Бране Петрушевски
49 Информација по однос на забелешките од Министерство за финансии за Тромесечниот извештај за работењето на Јавното претпријатие за водостопанство „Лисиче“ – Велес (јули-септември 2025 година)
50 Информација за измена и дополна на Финансискиот план на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост -Скопје за 2026 година, со дополнувањето
51 Информација за склучена спогодба со клаузула на извршна исправа со Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ Кичево за начинот и условите за исполнување на главен долг, без камати, со состојба заклучно со 31 декември 2025 година, согласно член 8-6 од Законот за јавните претпријатија
52 Годишен извештај за работата на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви за 2025 година
53 Годишен извештај за работата на директорот на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви за 2025 година
54 Извештај за работата на Советот на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија за 2025 година
55 Акциски план со точно утврдени активности, одговорни лица и рокови за имплементација на препораките од Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност „Користење на здравствените услуги за радиолошка дијагностика со магнетна резонанца“ (ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија)
56 Кадровски прашања
- Кадровски прашања 2.6.2026 година
57 Прашања и предлози
- Иницијатива за итно отпочнување на координирана и брза постапка за третирање на комарците на целото подрачје на Кочанската котлина
- Официјална посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, предвидена за 2 и 3 јуни 2026 година, во Скопје
- Повлекување на закон за Јавното обвинителство од собраниска постапка
- Информирање од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Информација во врска со потребата од воведување на забрана за движење низ шумите
58 Информација за потребата од донесување на Стратегија за развој на туризмот на Република Северна Македонија 2027-2032 година со акциски план 2027-2029 година
59 Информација во врска со Известувањето за намера за поднесување арбитражен спор бр.03-625/1 од 01.04.2026 година од ДЛА Пајпер Пошт Немешчои, Ѓерфи-Тот и Партнери Адвокатска канцеларија во врска со Договорот за доделување на државна помош бр.13-128/1 од 15.01.2016 година и Анекс договор бр.1 бр.13-1640/1 од 21.12.2022 година на Друштвото за производство и трговија Аптив Сервисес Македонија ДООЕЛ Скопје и Аптив Сервисес Хунгари Карлотолт Фелелосеѓ Торсашог (APTIV SERVICES HUNGARY KORLÁTOLT FELELŐSSÉGŰ TÁRSASÁG) и Договорот за доделување на државна помош бр.13-1641/1 од 21.12.2022 година на Друштвото за производство и трговија Аптив Сервисес Македонија ДООЕЛ Скопје и Аптив Сервисес Хунгари Карлотолт Фелелосеѓ Торсашог (APTIV SERVICES HUNGARY KORLÁTOLT FELELŐSSÉGŰ TÁRSASÁG)
60 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка
61 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по скратена постапка
62 Предлог на закон за изменување на Законот зa урбанистичко планирање, по скратена постапка
63 Информација за Предлог-одлука за ограничување на пловидбата за пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, со Предлог-одлука
64 Информација за реализација на техничка помош (грант) од Светска Банка за подготовка на Физибилити студија за проектот „Комбинирана гасна централа во околина на ТЕЦ Битола со ширење на топлификационата мрежа за град Битола” и Студија за оцена на влијанието врз животна средина и социјалните аспекти (ESIA)
65 Предлог-уредба за изменување и дополнување на Уредбата за управување со јавни инвестиции
66 Информација за Годишен извештај за 2025 година за спроведување на акцискиот план на Стратегијата за унапредување на системот на јавните набавки во Република Северна Македонија за периодот 2022-2026 година, со Акциски план за спроведување на Стратегијата за унапредување на системот на јавните набавки во Република Северна Македонија за 2026 година
67 Предлог-решение за формирање на Комисија за следење на развојот на системот за финансирање на општините
68 Информација за Нацрт на Закон за електронски информации за превоз на товар
69 Одлука од Управен одбор на Агенцијата за управување со одземен имот за оитстапување на одзем,ени предмети(разна стока) со правосилни одлуки на општина Кичево и предлог одлука за истата.
70 Информација во врска со потребата од донесување на Одлука за основање Средно полициско училиште, со Предлог одлука
71 Информација за организирање на посета на Охридскиот Регион на постојаните делегати – амбасадори при УНЕСКО во Париз на државите - членки на Комитетот за светско наследство во месец јуни 2026 година
72 Информација за подготовка и ревизија на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА) 2026-2030 Informacion për përgatitjen dhe rishikimin e Programit nacional për miratimin e së drejtës së Bashkimit Evropian (NPAA-së) për periudhën 2026–2030
73 ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА СУДСКА СЛУЖБА
74 ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ЈАВНООБВИНИТЕЛСКА СЛУЖБА
75 Предлог - одлука за распределба на финансиски средства на здруженија и фондации за 2026
76 Информација за усвојување на Предлог Одлука за издавање на државна гаранција на обврските на Јавно претпријатие за државни патишта кои произлегуваат од Договорот за синдициран кредит од Комерцијална банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје, НЛБ банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје со цел финансирање на Проектот ,,Изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово - Гостивар - Букојчани и проектот за автопатот Требеништа - Струга - Ќафасан) и коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп - Битола)”
77 Информација за усвојување на Предлог Одлука за издавање на државна гаранција на обврските на Јавно претпријатие за државни патишта кои произлегуваат од Договорот за синдициран кредит од Комерцијална банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје, НЛБ банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје со цел финансирање на Проектот ,,Изградба на автопат Кичево - Охрид”

 

Мени за пристапност