Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

181-та седница на Владата

Седницата се оддржа на: 16/06/2026 12:00

Точка Наслов
1 Предлог-одлука за формирање на Комитет за енергетска ефикасност
2 Годишен извештај на Јавното претпријатие Национална радиодифузија - Скопје за 2022 година, Извештај на раководството за финансиски извештаи за 2022 година со завршната сметка на Јавното претпријатие Национална радиодифузија - Скопје за 2022 година, финансиски извештаи за годината што завршува на 31 декември 2022 година, со Извештај од независните ревизори и предлог-одлуки
3 Информација за потребата од субвенционирање на камата која произлегува од Рамковен договор за кредит со Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ), наменет за програмски заем за креирање на работни места во микро, мали и средни претпријатија во Северна Македонија
4 Информација со Барање за добивање согласност за отпочнување постапка за воспоставување регистар на лиценци, дозволи и одобренија
5 Информација во врска со закупците на земјиште и корисниците во технолошките индустриски развојни зони
6 Информација за работата на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи, во периодот од 26.02.2026 година до 28.04.2026 година
7 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 04.06.2026 до 10.06.2026 година
8 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 28.05.2026 до 03.06.2026 година
9 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 04.06.2026 до 10.06.2026 година
10 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република С. Македонија за период од 31.05.2026 до 06.06.2026 година
11 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 28.05.2026 до 03.06.2026 година
12 Предлог-одлука за престанок на користење на недвижни ствари на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија
13 Предлог-одлука за престанок на користење на недвижна ствар на Шаховската федерација на Македонија – Скопје (деловен простор на КП бр.857, КО Карпош) и Предлог-одлука за давање на стопанисување на недвижна ствар на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје (деловен простор на КП бр.857, КО Карпош)
14 Предлог-одлука за давање согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, по пат на непосредна спогодба на ЕВН Македонија Акционерско друштво за услуги, Скопје
15 Предлог-одлука за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
16 Информација во врска со потребата од дополнително усогласување на националната регулатива поврзана со Интелигентни транспортни системи (ИТС) како дел од Реформската агенда, односно доставување на текст на Предлог на Законот за изменување и дополнување на законот за превоз во патниот сообраќај
17 Информација во врска со потребата од дополнително усогласување на националната регулатива поврзана со Интелигентни транспортни системи (ИТС) како дел од Реформската агенда, односно доставување на текст на Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем
18 Информација во врска со потребата од дополнително усогласување на националната регулатива поврзана со Интелигентни транспортни системи (ИТС) како дел од Реформската агенда, односно доставување на текст на Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта
19 Предлог-уредба за изменување и дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2026 година
20 Информација во врска со преземените дејствија во насока за постапување по Заклучокот од 84-та седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 17.06.2025 година, донесен во врска со правосилната и извршна Пресуда на Основен граѓански суд Скопје 52 ТС-61/22 од 26.05.2023 година, во судскиот спор по тужба на тужителот Цементарница Усје АД Скопје против тужените Република Северна Македонија и Република Северна Македонија - Министерство за финансии
21 Информација за барање на согласност за пристапување како нов тужител согласно член 186 став 2 од Законот за парнична постапка на страната на тужителот
22 Информација за донесување на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани – градби за производство на електрична енергија од обновливи извори со моќност над 10MW, КО Ижиште, општина Македонски Брод, со Предлог-одлука
23 Информација за донесување на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за уредување на земјиште со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани над 10 MW на дел од КП 3038/1, на дел од КП 3099/1 и на дел од КП 3135/1, КО Неготино - Општина Неготино, со Предлог - одлука
24 Информација за донесување на Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, со Предлог-одлука
25 Предлог-програма за изменување на Програмата за инвестирање во животна средина за 2026 година
26 Предлог-решение за формирање на Комисија за следење на развојот на системот за финансирање на општините
27 Информација во врска со потребата од дополнително усогласување на националната регулатива поврзана со Интелигентни транспортни системи (ИТС) како дел од Реформската агенда, односно доставување на текст на Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
28 Информацијата во врска со потребата од дополнително усогласување на Националната регулатива поврзана со интелигентни транспортни системи (ИТС), како дел од Реформската агенда, односно доставување на текст на Предлог на закон за дополнување на Законот за Градот Скопје
29 Информација за одржувањето на 21-от состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, кој се одржа на 28 април 2025 година Informacion për zhvillimin e takimit të 21-të të Nënkomitetit për tregti, industri, dogana dhe tatime në kuadër të Komitetit për Stabilizim-Asociimit në mes Bash-kimit Evropian dhe Republikës së Maqedonisë së Veriut, i cili u zhvillua më 28 prill të vitit 2025
30 Информација за потпишување на Нота за пристапување на Министерството за одбрана на Република Финска, министерот за одбрана на Француската Република, Министерството за одбрана на Кралството Шведска за учество во Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за одбрана на Кралството Белгија, Министерството за национална одбрана на Канада, Министерството за одбрана на Чешката Република, Министерството за одбрана на Данска, Сојузното Министерство за одбрана на Сојузна Република Германија, Министертвото за Национална одбрана на Република Грција, Министеството за одбрана на Унгарија, Министрството за одбрана на Италијанската Република, Министрството за одбрана на Црна Гора, Министерството за одбрана на Кралството Холандија, Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, Минстерството за одбрана на Кралството Норвешка, Министерството за национална одбрана на Република Полска, Министерството за национална одбрана на Романија, Министерството за одбрана на Кралството Шпанија, Министерството за национална одбрана на Република Турција, државниот секретар за одбрана на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со Мултинационална соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа со Нота за пристапување
31 Информација за можностите и условите за спогодбено решавање на предметите против Република Северна Македонија пред ЕСЧП – Шанцлиќ и др. А. бр. 15743/25 и Ристески, А.бр. 22803/25
32 Информација за правосилност на одлуката на Европскиот суд за човекови права во предметот Мршиќ против Северна Македонија, А.бр. 7377/24, со Предлог – одлука
33 Предлог-уредба за начинот на идентификација на областите и подобластите и видовите субјекти заради утврдување на деталната листа на области и видови на субјекти од областите со висока критичност и деталната листа на подобласти и видови на субјекти во другите критични области, начинот на класификација на деталната листа на суштински субјекти и деталната листа на важни субјекти, формата и содржината на деталната листа на области и видови на субјекти од областите со висока критичност, деталната листа на подобласти и видови на субјекти во другите критични области, деталната листа на суштински субјекти и деталната листа на важни субјекти, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на области со висока критичност, регистарот на други критични области, регистарот на суштински субјекти и регистарот на важни субјекти
34 Предлог-уредба за изменување на Уредбата за класификација на објектите за спорт од национално и локално значење во сопственост на Република Северна Македонија
35 Информација за Годишен извештај за 2025 година за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 и Национален акциски план за родова еднаквост 2025-2027
36 Информација за потребата од одвојување на Службата за итна медицинска помош Скопје од ЈЗУ Здравствен дом Скопје и формирање на самостојна јавна здравствена установа – Центар за итна медицинска помош-Скопје
37 Информација за потребата од склучување на Анекс кон Договорот помеѓу Советот на Европа и Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија за финансирање на проектот ,,Поддршка на програмата за телевизиски серии’’
38 Барање за давање на автентично толкување на членот 130 став (4) од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поднесено од пратеник Бране Петрушевски
39 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.108/2026, за поведување постапка за оценување на уставноста на член 70 став 1 во делот „и друг закон“ од Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија” бр.29/2ОО2, 66/2004, 81/2008, 18/2011, 51/2011, 64/2012, 148/2013, 187/2013, 42/2014, 138/2014, 177/2014 и 72/2015)
40 Иницијатива од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.111/2026, за поведување постапка за оценување на уставноста на член 24 став 1 точка а), потточка 10, точка б), потточка 5 и точка г), потточка 5 од Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија” бр.29/2ОО2, 66/2004, 83/2005, 81/2008, 18/2011, 51/2011, 64/2012, 148/2013, 187/2013, 42/2014, 138/2014, 177/2014, 72/2015, 153/2015, 6/2016, 55/2016, 61/2016, 106/2016 и 190/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.98/2019, 244/2019, 53/2024, 74/2024, 170/2024 и 59/2025)
41 Иницијатива поднесена од Меџаит Осман од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.78/2026, за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 29, 30 и 31 во делот кој дозволува признавање на технички и комерцијални загуби како регулиран трошок и воведување блок-тарифен систем за домаќинства од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија” бр.96/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.96/2019, 236/2022 и 134/2023)
42 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под УЗ.бр.26/2026, за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Програмата за основни геолошки истражувања за 2026 година, бр. 57-1278/14 од 24.03.2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.64/2026)
43 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.69/2026, за поведување постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.41/26)
44 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.117/2026, за поведување постапка за оценување на уставноста на член 14 став 2 во делот „подмирено сите финансиски обврски утврдени во членот 14-а став 2 од овој закон”, член 14-а став 1 во делот „откако ќе се спроведе постапка за подмирување на неплатени, а доспеани финансиски обврски на корисникот на средствата од износот на одобрената финансиската поддршка” и член 14-а став З од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/2О1О, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/2017, 83/2018 и 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 152/2019, 244/2019, 275/19, 110/2021, 123/2022, 65/2023 и 218/24)
45 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.71/2026, за поведување постапка за оценување на уставноста на член 92-в став 5 во делот „може да претставува извршна исправа или да се смета за барање за поведување на прекршочна постапка“ од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија" бр.140/08, 53/11, 123/12, 153/12, 70/13, 164/13, 138/14, 154/15, 19215 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр.161/19, 308/20, 87/23, 148/25, 160/25 и 258/25)
46 Понуда од нотар Ана Јолакоска од Скопје, за продажба на недвижен имот-земјиште запишано во Имотен лист бр.69491 и недвижен имот-објект запишан во Имотен лист бр.1970, за КО Драчево - 1, на КП бр.9036, викано место/улица „Драчево“
47 Понуда од нотар Башким Амети од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.94037, за КО Чаир, на КП бр.1153/2, викано место/улица „Боро Менков“, Имотен лист бр.94931, за КО Чаир, на КП бр.1154/2, викано место/улица „Боро Менков“, Имотен лист бр.94878, за КО Чаир, на КП бр.1148/2, викано место/улица „Чаир“ и Имотен лист бр.94946, за КО Чаир, на КП бр.1159/2, викано место/улица „Чаир“
48 Понуда од нотар Дејан Павлоски од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.67241, за КО Маџари, на КП бр.1982/16, викано место/улица „Утрина“
49 Понуда од нотар Хакија Чоловиќ од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.2561, за КО Драчево 2, на КП бр.6608, викано место/улица „Смоквинки“
50 Понуда од нотар Елвин Зиба од Охрид, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.100575, за КО Охрид 4, на КП бр.4111/1 и КП бр.4112/1, викано место/улица „Патерица“
51 Понуда од нотар Ељхам Бислими од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.1993, за КО Горно и Долно Оризари, на КП бр.622/13, викано место/улица „Рид“
52 Известување од извршител Благоја Каламатиев од Скопје, доставено под И.бр.3001/2023 за Заклучок за трета усна јавна продажба, која ќе се одржи на 16 јуни 2026 година, за недвижен имот, запишан во Имотен лист бр.2153 и Имотен лист бр.100697, за КО Радишани, на КП бр.1047/2, викано место/улица „Бадеми“
53 Информација со Акциски план и точно утврдени активности, одговорни лица и рокови за имплементација во врска со Точка 4.3 – Опрема за радиотерапија од Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2023 година на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје
54 Информација со Акциски план за спроведување на препораките од Конечните извештаи на Државниот завод за ревизија на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот
55 Информација за прогресот на реализирани активности во ЈЗУ Универзитетска клиника за очни болести Скопје за повторно воведување на методата кератопластика (ЈЗУ универзитетска клиника за очни болести-Скопје)
56 Финансиски план за изменување на Финансискиот план на Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје за 2026 година
57 Извештај за финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта, за четвртиот квартал од 2025 година
58 Тримесечен финансиски извештај за работењето на Јавно претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, за период јануари – март 2026 година
59 Извештај за финансиското работење на Јавното претпријатие „Стрежево“ Битола, за прво тримесечие (1.1.2026 година до 31.3.2026 година)
60 Тримесечен извештај за работењето на Јавното претпријатие за водостопанство „Лисиче“ Велес, за периодот од 1.1.2026 до 31.3.2026 година
61 Извештај за реализација на средства од програмите за финансиска поддршка во земјоделството, руралниот развој и рибарство со аквакултура за 2025 година
62 Кадровски прашања
- Предлог кадровски прашања (16.6.2026)
63 Прашања и предлози
- Барање од Министерството за култура и туризам за престанување на важење на заклучокот бр.2, Точка 15, од Сто седумдесет и четвртата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 19 мај 2026 година
- Информирање од ГС во врска со одлуката за поврат на средства
64 Информација за обезбеден грант од Светската банка за техничка помош при подготовка на проектот „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката Злетовица, фаза 2 - наводнување и фаза 3 - производство на електрична енергија, со текст на Договор за грант (на македонски и на англиски јазик)
65 Информација за спроведување на повеќегодишна јавна набавка за отстранување на постоечки објекти за потребите за реализирање на изградба на универзитетски објекти и партерно уредување за потребите на универзитетот ,,Мајка Тереза” во Скопје
66 Информација за избор на нов кандидат од Република Северна Македонија на листата на кандидати за избор на судија во Европскиот суд за човекови права од страна на Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права.
67 Информација за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Balkan Warrior 26“, со Предлог-одлука
68 Информација за времено сместување на студентите од Државен студентски дом „Никола Карев“ Охрид во одморалиштето во Охрид на Министерство за внатрешни работи
69 Информација во врска со Одлука за изменување на намената на одобрени, а неискористени средства од Буџетот на Република Северна Македонија (360.000.000)
70 Информација во врска со Одлука за изменување на намената на одобрени, а неискористени средства од Буџетот на Република Северна Македонија (240.000.000)
71 ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗА ЗЕМАЊЕ И ПРЕСАДУВАЊЕ НА ДЕЛОВИ ОД ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО ЗАРАДИ ЛЕКУВАЊЕ
72 Информација за склучување на Договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за воспоставување заеднички контроли на заедничките гранични премини меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија
73 Информација за Европската младинска картичка како инструмент за поддршка на младите, со План за управување со Европската младинска картичка за периодот 2026–2028 година

 

Мени за пристапност