Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

197-та седница на Владата

Седницата се оддржа на: 28/07/2026 12:00

Точка Наслов
1 Информација за достава на нацрт верзија на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030, со текст на Национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата во Република Северна Македонија 2026-2030 година и Акциски план за безбедност во сообраќајот на патиштата 2026 – 2030 (Републички Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата)
2 Информација за финансиската состојба на Јавното претпријатие за државни патишта и потребата од обезбедување на финансиски средства за финансирање на превземени обврски и рефинансирање на долговите настанати по основ на задолжување за финансирање на капитални проекти и инвестиции
3 Предлог - уредба за изменување на Уредбата за начинот на утврдување, пресметување и висината на надоместокот за задолжителни резерви на сурова нафта и/или нафтени деривати и содржината, начинот и роковите за достава на податоци за пласманот на нафтени деривати на домашниот пазар
4 Информација за декларирање на два специјализирани воздухоплови за гасење пожари од типот Air Tractor AT-802 Fire Boss на Дирекцијата за заштита и спасување во стратешките резерви на Европската Унија – rescEU
5 Информација за обезбедување на храна за вработените во Одделение за специјализирани услуги со воздухоплови на Дирекција за заштита и спасување
6 Предлог - одлука за изменување на Одлуката за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Северна Македонија во Катастарот на недвижности ДП бр.03-448/1
7 Предлог-одлука за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Северна Македонија во Катастарот на недвижности (КП бр. 13318, КО Центар 1) Уброј-84/26
8 Деловен и финансиски извештај за 2024 година на Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија со статус на организација од јавен интерес (Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија)
9 Информација за ревалоризација на недвижностите и модернизација на локалната даночна администрација на Град Скопје
10 Предлог-одлука за престанок на користење на недвижни ствари на Oпштина Радовиш (објекти на ул.„22-ри Октомври" во Радовиш на КП 3858 запишани во Имотен лист 2544)
11 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 16.07.2026 до 22.07.2026 година
12 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 16.07.2026 до 22.07.2026 година
13 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба заради зголемени ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари на територијата на Република С. Македонија од 15.07 - 21.07.2026 година
14 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република С. Македонија за период од 12.07.2026 до 18.07.2026 година
15 Информација за прогресот на активностите за спроведување на Стратегијата за формализирање на неформалната економија во Република Северна Македонија 2023-2027 година, со Акциски план 2023-2025
16 Информација во врска со поднесената иницијатива за започнување на постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - јаглен на локалитетот „Костин Дол“ општина Македонска Каменица, со Предлог – одлука
17 Информација во врска со самоиницијативниот предлог на Казанџи Холдинг за воспоставување јавно-приватно партнерство за изградба, развој, финансирање, работење и одржување на CCGT когенеративни електроцентрали и систем за дистрибуција и набдување со природен гас во Република Северна Македонија
18 Информација во врска со формирањето на Заедничка комисија за координација на сите активности и прашања поврзани со изградбата, функционирањето и одржувањето на меѓуграничниот железнички тунел согласно Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија за подготовка, изградба и експлоатација на прекугранично железничко тунелско поврзување, со прилози, со текст на Деловник за работа и со Предлог-решение
19 Информација за подготовка на Предлог – Методологија за поедноставување на административни постапки релевантни за работењето на МСП и избор на најмалку 50 постапки кои треба да бидат поедноставени, со Предлог-Методологија, Предлог-Листа на избрани најмалку 50 постапки за поедноставување и Предлог мерки за нивно поедноставување
20 Информација за потпишување на Договор за снабдување на возила помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Компанијата ОТОКАР автомобилска и одбранбена индустрија АД, во рамки на Договорот за воено-финансиска соработка помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија, со текст на Договор
21 Информација за формирање на Меѓуресорско тело за примена на Законот за општата управна постапка, со Предлог - одлука
22 Информација за постапување по обраќањата и препораките на Народниот правобранител упатени до Владата на Република Северна Македонија, органите на државната управа и други органи и организации што имаат јавни овластувања, во периодот октомври - декември 2025 година, со Табеларен преглед
23 Предлог - одлука за измена и дополнување на Одлуката за формирање на Колегиум на државни инспекторати
24 Предлог Одлука за висината на износот на бесплатниот превоз на учениците со попреченост и лицата за нивна придружба, во државните основни училишта, за релациите каде нема обезбедено линиски превоз, за учебната 2026/2027 година
25 Извештај за работата на Регулаторна комисија за домување, за период од 1 јули 2025 до 31 декември 2025 година
26 Иницијативи поднесени од Игорчо Точев од Скопје, доставени до Уставниот суд на Република Северна Македонија, под У.бр.141/2026 и У.бр.142/2026, за поведување постапка за оценување на уставноста на член 8 став 9 во делот „управен” и член 10 став 5 во делот „освен ако со закон поинаку не е уредено” и член 9 алинеја 23 во делот „Академија за судии и обвинители“ од Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 99/2026)
27 Решение на Уставниот суд на Република Северна Македонија, УЗ.бр.10/2025 од 4 март 2026 година за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за промена на имињата на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, бр.07-766/4 од 24.04.2007 година („Службен гласник на Општина Тетово” бр. 25/2007 од 26.04.2007 година)
28 Понуда од нотар Сашо Василевски од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.41203, за КО Кисела Вода 2, на КП бр.1851/8 и КП бр.1851/9, викано место/улица „Бул.3 Македонска ударна бригада“
29 Извештајот за реализација на Програмата за спроведување на мониторинг во областа на производството, преработката складирањето, дистрибуцијата, употребата и сообразноста на ѓубрињата, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата, како и контрола на квалитет на ѓубрињата, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата за 2025 година
30 Информација за активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија за потпишување на Договор за соработка со Хрватската агенција за земјоделство и храна, со текст на Договор
31 Годишна сметка на Централниот регистар на Република Северна Македонија за 2025 година, финансиски извештаи за годината што завршува на 31 декември 2025 година и Извештај на независниот ревизор
32 Извештај за работа на Централниот регистар на Република Северна Македонија за 2025 година
33 Годишен извештај за 2025 година и ревидиран финансиски извештај за работата на Агенцијата за управување со одземен имот за 2025 година.
34 Извештај за работата на јавните обвинителства на Република Северна Македонија во 2025 година.
35 Кадровски прашања
- Предлог кадровски прашања (28.7.2026)
36 Прашања и предлози
- Предлог од Министеството за култура и туризам за изменување на заклучок од 181 седница на Владата, точка 37
- Предлог од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија Предлогот на закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции (*) да се достави до Собранието со европско знаменце
- Предлог-заклучоци по повод одбележувањето на Државниот празник 2 Август – Ден на Републиката, Илинден 2026
37 Акциски План и Патоказ за спречување и борба против тероризмот и насилниот екстремизам (2026-2030)
38 Информација за промена на критерумите за кредитната линија од средствата на Развојна банка на Северна Македонија за поддршка на претпријатија со дејност од областа на земјоделството за обезбедување на поддршка на откупот на земјоделските производи.
39 Информација во врска со Образложено барање (Предмет ECS-11/26) од Секретаријатот на Енергетската заедница доставено до Министерскиот совет на Енергетската заедница
40 Информација : Доизградбата на главните колектори на канализациониот систем на Скопје
41 Информација за статусот на големиот ИПА проект “Изградба на прочистителна станица за отпадни води и рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во Општина Битола„ со предлог за начинот на кој ќе се реализираат градежните работи за Лот 2 - Рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во Општина Битола
42 Информација за склучување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за јавна администрација на Република Северна Македонија и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција
43 Информација за склучување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за јавна администрација на Република Северна Македонија и Министерството за правда на Босна и Херцеговина во областа на инклузивните процеси за креирање политики
44 Изменување на Лиценцата број 50-4932/3 од 23.05.2025 година за приредување игри на среќа во автомат клуб издадена на Друштвото за угостителство и игри на среќа „ТХЕ-СЛОТС“ ДОО Скопје
45 Изменување на Лиценцата број 41-2034/6 од 05.03.2024 година за приредување игри на среќа во казино издадена на Друштвото за трговија и услуги „АДМИРАЛ КАЗИНО МК“ ДООЕЛ Скопје
46 Информација за измена на Заклучокот од Извадок од Нацрт-записникот од продолжението на Шестата седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 24 јули 2024 година, бр. 41-6384/2 од 24 јули 2024 година
47 Предлог на Закон за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Железничкиот коридор VIII – фаза 3, делница од Крива Паланка до граница со Република Бугарија, по скратена постапка
48 Предлог на Закон за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по финансискиот Договор за Железничкиот коридор VIII - источна делница МК, делница Крива Паланка - граница меѓу Северна Македонија и Бугарија, по скратена постапка
49 Информација за потребата од донесување на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за условите и критериумите за репласирање на средства од компензационите фондови од странска помош
50 Информација за давање согласност за спроведување на јавна набавка за угостителски и хотелски услуги за потребите на Летното школо за млади во 2026 година

 

Мени за пристапност