Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

202-та седница на Владата

Седницата се оддржа на: 04/08/2026 12:00

Точка Наслов
1 Информација за одржана Четврта седница на Националниот совет за развој
2 Годишна сметка за 2025 година на ЈП „Стрежево“ Битола, Годишен извештај за работењето во 2025 година на ЈП „Стрежево“ Битола, Извештај на независниот ревизор за финансиските извештаи за 2025 година на ЈП „Стрежево“ Битола
3 Националната програма за безбедност во воздухопловството, со Предлог – одлука
4 ИНФОРМАЦИЈА СО ПРЕДЛОГ- ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА НА ИНВАЛЛ МАК ДООЕЛ, СКОПЈЕ
5 Информација за учеството на АД ЕСМ во постапката на КЕК А.Д. за купување на лигнит на база на концесија за ископ
6 Информацијата за потребата од донесување на Одлука за предавање на недвижност – земјоделско земјиште во владение на Акционерско друштво за вршење на енергетскa дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, со прилози и со Предлог-одлука
7 Информација за потребата од продолжување на рокот за завршување на проектот „Изградба и доизградба на преостанатите работи на втората делница Бељаковце – Крива Паланка, како дел од железничкиот Коридор VIII“ до 31.12.2028 година
8 Ценовник за изменување на Ценовникот за плаќање на услугите на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о., со Предлог-одлука
9 Предлог-одлука за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија (на КП бр.10133/1, КО Кавадарци, Имотен лист бр.13491 – за изградба на детска градинка)
10 Предлог-одлука за пренесување на недвижна ствар во сопственост на Општина Кавадарци (објект на КП бр.792/1, КО Мрежичко, Имотен лист бр.15)
11 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 23.07.2026 до 29.07.2026 година
12 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 23.07.2026 до 29.07.2026 година
13 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба заради зголемени ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари на територијата на Република С. Македонија од 22.07 до 28.07.2026 година
14 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба заради нарушување на водоснабдувањето на населението на дел од територијата на Република С. Македонија за период од 21.07.2026 до 27.07.2026 година
15 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република С. Македонија за период од 19.07.2026 до 25.07.2026 година
16 Информација : Доизградбата на главните колектори на канализациониот систем на Скопје
17 Информација за давање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Реџеп Фетиков ул.Калково бб, с.Јосифово, Валандово, со Предлог-одлука
18 Информација во врска со поднесеното Барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од хотел ТЕРМАЛ ЛУКС И СПА Струмица, со Предлог - решение
19 Информација во врска со поднесеното Барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од хотел ЛОНДОН Скопје, со Предлог - решение
20 Информација во врска со поднесеното Барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од хотел ЛЕЈКВЈУ РЕСОРТ, Ресен, со Предлог-решение
21 Информација во врска со поднесеното Барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од хотел АКТОР ХОТЕЛ&СПА, Скопје, со Предлог-решение
22 Информација во врска со поднесеното Барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од хотел ГОЛДЕЛ РЕСОРТ, Делчево, со Предлог-решение
23 Информација во врска со поднесеното Барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од хотел АТВА РЕЗИДЕНС, Кичево, со Предлог-решение
24 Информација во врска со поднесената иницијатива за започнување на постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – варовник на локалитетот „Мали Влај“ Општина Струга, со предлог-одлуки
25 Предлог-одлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација на минерална суровина – градежно технички камен - варовник на локалитетот „Папрадиште“ с.Драгов Дол, општина Македонски Брод
26 Предлог –oдлука за престанок на важење на концесија за експлоатација за потребите за изградба на хидротехнички објект – брана Отиња на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот „Акумулационен простор на насипната брана Отиња“ Oпштина Штип
27 Предлог-одлука за престанок на важење на концесија за експлоатација на минерална суровина – гранит за потребите за изградба на хидротехнички објект - брана Отињана на локалитетот „Акумулационен простор на насипната брана Отиња“ општина Штип
28 Предлог-одлука за престанок на важење на концесија за експлоатација на минерална суровина – глина за изградба на хидротехнички објект – брана Отиња на локалитетот „Акумулационен простор на насипната брана Отиња“ општина Штип
29 Предлог-одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на Општина Кавадарци (ГП бр.4.15, КО Сопот – за изградба на објект од јавен интерес со намена В4-Државни институции)
30 Предлог-одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на Општина Кавадарци (ГП бр.5.1.2, КО Кавадарци – за изградба на објект од јавен интерес со намена В1 (СУ)-Образование и наука, средно училиште)
31 Предлог-одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на Општина Кавадарци (ГП бр.11.1.5, КО Кавадарци – за изградба на објект од јавен интерес со намена В2-Социјална заштита (детска градинка))
32 Барање на Шишманоглу Мехмет, за прием во државјанство на Република Северна Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Северна Македонија
33 Предлог – одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за неврохирургија – Скопје
34 Барање за давање на автентично толкување на одредбите од член 23 став 1 и став 2 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/2020, 111/2023, 171/2024, 224/2024, 40/2025, 101/2025 и 127/2025), поднесено од градоначалникот на Општина Карпош
35 Кадровски прашања
36 Прашања и предлози
- Предлог-заклучок за Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост - Скопје
- Заклучоци за одбележувањето на трагичниот настан кај Карпалак кој се случи на 08.08.2001 година и трагичниот настан кај месноста Љуботенски бачила случен на ден 10.08.2001 година
- Заклучоци за одбележувањето на Денот на склучувањето на Охридскиот рамковен договор, кое ќе се одржи во Скопје, на 12-ти август 2026 година во Клубот на пратеници и 13-ти август 2026 година на Плоштад Филип Втори во Скопје
37 Програма за изменување на Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2026 година
38 Програма за изменување и дополнување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2026 година
39 Програма за изменување на програмата за научно-истражувачката дејност за 2026 година
40 Предлог - уредба за престанување на важењето на Уредбата за постапката за спречување на неправилности, начинот на меѓусебната соработка, формата, содржината, роковите и начинот за известување за неправилностите
41 Информација за усвојување на Предлог-одлука за издавање на државна гаранција на обврските на Јавно претпријатие за државни патишта кои произлегуваат од Договорот за синдициран кредит од Комерцијална банка АД Скопје и Халк банка АД Скопје со цел обезбедување на финансиски средства за финансирање на преземени обврски и рефинансирање на долговите настанати по основ на задолжување за финансирање на капитални проекти и инвестиции, со Предлог-одлука
42 Информација за потенцијално задолжување на Република Северна Македонија на меѓународен финансиски пазар во износ до 250.000.000 евра преку издавање на должничка хартија од вредност
43 Информација за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај домашни комерцијални банки во износ до 70.000.000 евра во денарска противвредност
44 Извештај за извршувањето на Буџетот на Република Северна Македонија во периодот јануари - јуни 2026 година
45 Предлог-одлука за изменување на Одлуката за утврдување на максималниот износ на нето-задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2026 година
46 Информација за потребата од склучување на Амандманот број 2 кон Договорот за грант (Коридор VIII Железница – Источна делница МК или CORRIDOR VIII RAIL - EASTERN SECTION MK) наменет за проектот „Изградба на нова железничка делница Крива Паланка –граница кон Република Бугарија, како дел од железничкиот Коридор VIII“, со усогласен текст на Амандманот број 2 кон Договорот за грант
47 Информација од Претседавачот на координативното тело за следење на арбитражни постапки произлезени од меѓународни договори за потпишување Писмо за ангажирање на меѓународна адвокатска куќа со искуство во арбитража и меѓународни преговори во врска со спорот кој произлегува од договорите за доделување државна помош со АПТИВ, со прилог Писмо за ангажирање
48 Бизнис-план на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија - Скопје за 2026 година, со предлог-одлуки
49 Предлог-програма за изменување на Годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2026 година
50 Програма за изменување на програмата за партиципација при користењето на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Северна Македонија за 2026 година
51 Информација за започнување на процесот на мапирање приоритети за ревизијата на Реформската агенда 2024 -2027 Informacion për nisjen e procesit për hartimin e prioriteteve për revizionin e Agjendës së Reformave 2024-2027
52 ИНФОРМАЦИЈА за преземените активности за операционализација на работните групи за подготовка на преговарачките позиции за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија INFORMACION për aktivitetet e ndërmarra për operacionalizimin e grupeve punuese për përgatitjen e pozicioneve negociuese për negociatat e aderimit të Republikës së Maqedonisë së Veriut në Bashkimin Evropian
53 Информација за спроведување обуки за развој на дигитални вештини
54 Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижна ствар на Министерството за дигитална трансформација
55 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижна ствар на Ракометната Федерација на Македонија
56 Информација за потпишување на заедничка декларација за политичка, финансиска и институционална посветеност за реализација на проектот "Скопје - европска престолнина на културата2028"

 

Мени за пристапност