Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

218-та седница на Владата

Седницата се оддржа на: 06/10/2026 12:00

Точка Наслов
1 Информација во врска со Барањето на ХАЈ ТЕК ИНЖЕНЕРИНГ ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје за отпишување, односно намалување на пресметната казнена камата по основ на раскинат договор за доделување на државна помош, со прилози
2 Информација за Предлог на договор за доделување на државна помош на КРОМБЕРГ и ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола, со прилози и текст на Договор
3 Информација за одобрување на Полугодишен извештај за реализација на Годишниот план за работа на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ИНОВА за 2026 година (јануари – јуни 2026 година), со текст на Полугодишен извештај и Предлог-одлука
4 Информација за одржување на Годишно собрание на акционери на Акционерското друштво за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, за 2025 година, со Годишна сметка за 2025 година, Финансиски извештај за работењето за 2025 година, Финансиски извештаи за годината завршена на 31 декември 2025 година со Извештај од независниот ревизор, Годишен извештај за работата за 2025 година, Консолидирана годишна сметка за 2025 година и Консолидиран финансиски извештај 2025 година, Консолидирани финансиски извештаи за Акционерското друштво за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, за годината завршена на 31 декември 2025 година, со Извештај од независниот ревизор, со прилози и предлог - одлуки
5 Полугодишен извештај за работата на Геолошкиот завод на Република Северна Македонија за 2026 година
6 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба заради зголемени ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари на територијата на Република С. Македонија од 22.09 - 28.09.2026 година
7 Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република С. Македонија за период од 20.09.2026 до 26.09.2026 година
8 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 17.09.2026 до 23.09.2026 година
9 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 17.09.2026 до 23.09.2026 година
10 Предлог-национална стратегија за заштита и користење на културното наследство за периодот 2027-2031, со Акциски план за имплементација на Националната стратегија за заштита и користење на културното наследство, за периодот 2028-2030 година
11 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој
12 Информација за добивање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба Горан Николов, с.Тимјаник, Неготино, со Предлог-одлука
13 Информација за давање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со непосредна спогодба со Ибраими Аљеин с.Черкези Куманово, со Предлог - одлука
14 Информација во врска со Јавниот повик за доделување на концесија за експлоатација на техногени минерални суровини и Тендерската документација за доделување на концесија за експлоатација на техногени минерални суровини на локалитетот „Лојане“, Општина Липково, со прилози и со текст на Тендерска документација
15 Информација за потребата од престанок и давање на трајно користење на движна ствар на Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје, со Предлог - одлука за престанок и давање на трајно користење на движна ствар на Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје (патничко моторно возило)
16 Информација за потребата од доставување податоци за реализирани, тековни и планирани проекти за реконструкција и подобрување на енергетската ефикасност на објектите кои ги користат институциите од јавниот сектор, со прилози
17 Информација за потреба од донесување на нов Закон за возила
18 Предлог - програма за изменување на Програмата за водостопанство за 2026 година
19 Предлог - програма за мониторинг на површинските и подземните води за 2026 година
20 Предлог-програма за изменување на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија за 2026 година
21 Предлог-одлука за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – мермер на Друштво за производство, трговија и услуги БИАНКО СЕТА МАРМИ ДОО Скопје на локалитетот ,,Дупен Камен” с.Беловодица, Општина Прилеп
22 Предлог - одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – минерална-подземна вода на локалитетот „с.Крушеани“, општина Кривогаштани.
23 Предлог-решение за изменување на Решението за определување членови на Комисијата за утврдување на репрезентативностa
24 Предлог резолуција за миграциската политика на Република Северна Македонија 2026-2030 година со акциски план
25 Информација за правосилност на пресудата на Европскиот суд за човекови права во предметите АД Осигурителна полиса Скопје и други против Република Северна Македонија А. бр.62544/19 и 6430/20 и исплата по основ на истата во делот на постигнатите спогодби
26 Информација за правосилност на пресудата на Европскиот суд за човекови права во предметите АД Осигурителна полиса Скопје и други против Република Северна Македонија А. бр.62544/19 и 6430/20 и нејзиното извршување
27 Информација за правосилност на пресудата на ЕСЧП во случајот Пуцко Петрол увоз – извоз ДООЕЛ против Република Северна Македонија А. бр. 6381/20 и извршувањето на соодветната група на пресуди на ЕСЧП против државата, со Предлог-одлука
28 Информација за правосилност на две пресуди на Европскиот суд за човекови права во предметите Геровска-Попчевска против Република Северна Македонија (бр. 2) А. бр. 30989/20 и Скрчески против Република Северна Македонија А. бр.37954/21/ Informatë mbi plotfuqishmërinë e dy aktgjykimeve të Gjykatës Evropiane për të Drejtat e Njeriut në lëndët Gerovska-Popcevska kundër Republikës së Maqedonisë së Veriut (nr. 2), kërkesa nr. 30989/20 dhe Skrceski kundër Republikës së Maqedonisë së Veriut, kërkesa nr. 37954/21
29 Информација за одлуки на ЕСЧП и нивната правосилност во предметите против Република Северна Македонија: Јованов (А. бр. 22738/20 и 35558/20), Aтанасовски (А. бр. 30078/21), Ивановски и други (А. бр. 13591/25 и уште 26 други апликации) и Таниќ (А. бр. 33847/24)/ Informatë rreth vendimeve të GJEDNJ-së dhe zbatueshmërisë së tyre në lëndët kundër Republikës së Maqedonisë së Veriut: Jovanov (Kërkesat nr. 22738/20 dhe 35558/20), Atanasovski (Kërkesa nr. 30078/21), Ivanovski dhe të tjerët (Kërkesa nr. 13591/25 dhe 26 kërkesa të tjera) dhe Taniq (Kërkesa nr. 33847/24)
30 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување
31 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување
32 Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за рехабилитација на 5 објекти за физичко образование во основните и средните училишта како и услуги за вршење на стручно технички надзор при рехабилитација на 5 објекти за физичко образование во основните и средните училишта
33 Информација за потребата од донесување на Решение за почеток со работа на студиската програма „Стоматологија“ од трет циклус на академски студии-докторски студии (180 ЕКТС), на Стоматолшки факултет, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со Предлог - решение
34 Информација за потребата од донесување на Решение за почеток со работа на студиската програма „Индустриско инженерство и менаџмент“ од трет циклус на академски студии-докторски студии (180 ЕКТС), на Технички факултет, при Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола, со Предлог - решение
35 Информација за потребата од донесување на Решение за почеток со работа на студиската програма „Фитомедицина“ од трет циклус на академски студии-докторски студии (180 ЕКТС), на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“- Штип, со Предлог - решение
36 Информација за потребата од донесување на Решение за почеток со работа на студиската програма „Агроекономика“ од трет циклус на академски студии-докторски студии (180 ЕКТС), на Факултет за земјоделски науки и храна, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со Предлог - решение
37 Информација за потребата од донесување на Решение за почеток со работа на студиската програма „Анимална биотехнологија“ од трет циклус на академски студии-докторски студии (180 ЕКТС), на Факултет за земјоделски науки и храна, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со Предлог - решение
38 Информација за потребата од донесување на Решение за почеток со работа на студиската програма „Квалитет и безбедност на земјоделски производи“ од трет циклус на академски студии-докторски студии (180 ЕКТС), на Факултет за земјоделски науки и храна, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со Предлог - решение
39 Информација за потребата од донесување на Решение за почеток со работа на студиската програма „Ветеринарна медицина“ од трет циклус на академски студии-докторски студии (180 ЕКТС), на Факултет за ветеринарна медицина, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со Предлог - решение
40 Информација за потребата од донесување на Решение за почеток со работа на студиската програма „Менаџмент на природни ресурси и заштита на животна средина во земјоделство“ од трет циклус на академски студии-докторски студии (180 ЕКТС), на Факултет за земјоделски науки и храна, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со Предлог - решение
41 Информација за одобрување на склучување Анекс на Договорот за реконструкција на спортската сала „Расадник“ во о.Кисела Вода за изведување на работи кои поради непредвидени околности се нужни и договорниот орган не можел да ги предвиди
42 Информација за одобрување на склучување Анекс на Договорот за изградба на затворен пливачки базен во о.Кавадарци за изведување на работи кои поради непредвидени околности се нужни и договорниот орган не можел да ги предвиди
43 Информација за адаптација на Европската рамка за вештини во областа на сајбер безбедноста (European Cybersecurity Skills Framework – ECSF) во националниот систем за развој на компетенции во областа на сајбер безбедноста
44 Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за сајбер безбедност 2025–2028, со Акциски план (2025-2027) за спроведување на Стратегијата за сајбер безбедност 2025-2028, за 2025 година
45 Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2026 година
46 Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на средни училишта за 2026 година
47 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Министерството за одбрана (монтажен модуларен објект-амбуланта Бутел)
48 Предлог - одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Здружението Доброволно противпожарно друштво ДПД „Архангел”- Битола (aмбулантско/санитетско возило)
49 Статут на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје (I фаза )
50 Решение на Уставниот суд на Република Северна Македонија, У.бр.92/2025 и У.бр.122/2025 од 15 јули 2026 година за поведување постапка за оценување на уставноста на член 41-а став 7 во делот „и превозот” од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија” бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.161/19, 76/20, 229/20, 269/23, 78/25,132/25 и 250/25)
51 Понуда од нотар Татјана Трајковска од Куманово, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.904, за КО Пчиња-ВОНГРАД, на КП бр.63, викано место/улица „Краста“
52 Понуда од нотар Емилија Георгиевска Аџиска од Берово, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.3636, за КО Владимирово, на КП бр.4157, викано место/улица „Подиње“
53 Понуда од нотар Ѓорѓи Николов од Гевгелија, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.7245, за КО Сретеново, на КП бр.1714, викано место/улица „Мрдаја“
54 Понуда од нотар Станка Горичан од Охрид, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.100678, на КП бр.4136, Имотен лист бр.100679, на КП бр.4137, Имотен лист бр.100680, на КП бр.4138, Имотен лист бр.100681, на КП бр.4139, Имотен лист бр.115630, на КП бр.4133/2, КП бр.4134 и КП бр.4135/2 и Имотен лист бр.114437, на КП бр.4135/1, за КО Охрид 4, викано место/улица „Патерица“
55 Понуда од нотар Цеца Малева Стоев од Гевгелија, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.984, за КО Коњско, на КП бр.258/1,викано место/улица „Горно Поле“
56 Понуда од нотар Луиза Каба Исаку од Струга, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.3437, за КО Мислешево-Вон град, на КП бр.2251, викано место/улица „Матарник“
57 Понуда од нотар Нотар Снежана Видовска од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.723, за КО Бардовци, на КП бр.620, викано место/улица „Визбеговска јурија“
58 Понуда од нотар Сихана Зибери Шабани од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.4280, на КП бр.932 за КО Илинден и Имотен лист бр.11422, на КП бр.932, за КО Илинден, викано место/улица „Село“
59 Конечни извештаи за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на Државен студентски дом Томе Стефановски - Сениќ Скопје (Сметка на основен буџет (603) и Сметка на буџет од самофинансирачки активности (787))
60 Извештај за финансиското работење на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје, за период од 1 април 2026 до 30 јуни 2026 година
61 Тримесечен финансиски извештај на Акционерското друштво Аеродроми на Република Северна Македонија, за втор квартал 2026 година
62 Информација за степенот на реализација на средствата за капитални дотации за инфраструктурни проекти од областа на образованието и науката за 2025 година, заклучно со 30 јуни 2026 година
63 Информација за финансиско поддржување на воведување сензорни соби во детските градинки во текот на 2027 година, со цел унапредување на инклузивното предучилишно образование
64 Годишен извештај за преземените активности и постигнатиот напредок во воспоставувањето еднакви можности на жените и мажите во Република Северна Македонија во 2025 година
65 Конечен извештај за извршена ревизија на информациски системи како ревизија на успешност на тема Имплементација на безбедносни мерки и контроли во ИТ системот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија
66 Кадровски прашања
- Предлог-кадровски прашања 6.10.2026 година
67 Прашања и предлози
- МТ-Барање за повлекување на Предлог на закон за изменување на Законот за домување, по скратена постапка од Собрание
- Предлог-заклучоци по повод одбележување на Државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание
- Определување на Зулфиќар Зејнула, за министер без ресор, задолжен за меѓународни партнерства и странски инвестиции
- ПП- Заклучок во врска со дефектот во зградата на Нова Македонија
- ПП - Задолжување за МП за доставување на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување
68 Информација согласно Извадокот од Нацрт-записникот од 211-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 15 септември 2026 година, во врска со Информацијата за реализација на предусловите и ризикот од неспроведување на ИПА проектот „Приклучување на Виница со ПСОВ Кочани со делумна рехабилитација и проширување на канализационите и атмосферските системи во општина Виница“
69 Информација за добивање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Никола Весков, с.Криволак, Неготино, со Предлог-одлука
70 Информација за продолжување на рокот на Работната група за регулирање на имотно-правен статус на 110kV трафостаници помеѓу Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост, Скопје (МЕПСО) и Акционерското друштво за услуги ЕВН Македонија, Скопјe, со Предлог- решение
71 Предлог-одлука за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на локалитетот акумулационен простор на насипна брана „Отиња“ Општина Штип за потребите за изградба на насипна брана „Отиња“ – Штип
72 Информација за доставување на апликација за обезбедување заем од Банката за развој при Советот на Европа (CEB) за финансирање на проектот „Основна дигитална инфраструктура на Република Северна Македонија“
73 Информација за доставување на апликација за обезбедување заем од Банката за развој на Советот на Европа – ЦЕБ за финансирање на развојот на инфраструктурата на високото образование на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје
74 Информација за потребата од итно доделување на финансиски средства за развој и имплементација на мобилната апликација „Каде си/ Where Are You" како дел од Системот за прием на итни повици Е-112
75 Предлог-одлука за отворање Почесен конзулат на Република Северна Македонија во Република Аргентина, со седиште во Буенос Аирес
76 Предлог-решение за именување почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Аргентина, со седиште во Буенос Аирес
77 Информација за подготовка на 22 состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација кој ќе се одржи на 30 октомври 2026 година. Informacion për përgatitjen e takimit së 22-të të Nënkomitetit për tregti, industri, dogana dhe tatime ndërmjet Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Bashkimit Evropian, në kuadër të Komitetit të Stabilizim-Asociimit, i cili do të zhvillohet më 30 tetor të vitit 2026.
78 Информација за подготовката на 23-от состанок на Поткомитетот за економско-финансиски прашања и статистика во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, кој ќе се одржи на 21 октомври 2026 година. Informacion për përgatitjen e takimit të 23-të të Nënkomitetit për Çështjet ekonomike-financiare dhe statistikën në kuadër të Komitetit të Stabilizim-Asociimit ndërmjet Bashkimit Evropian dhe Republikës së Maqedonisë së Veriut, i cili do të zhvillohet më 21 tetor të vitit 2026.
79 Информација за доизградба на затворен пливачки базен во општина Охрид
80 Информација за претстојната посета на Извршната дирекција на Комитетот за борба против тероризам на Обединети нации
81 Информација во врска со потребата од назначување на координатор за Националната Стратегија за борба против организираниот криминал

 

Мени за пристапност