Седницата се оддржа на: 20/10/2026 12:00
| Точка | Наслов |
| 1 | Информација за потребата од обезбедување на заем со државна гаранција од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за реализација на Проектот за енергетска ефикасност на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје сочинет од двете компоненти: „Енергетска реконструкција на деловна зграда на АД ЕСМ – Дирекција’’ и “Подобрување и реконструкција на дистрибутивната мрежа за топлинска енергија во Скопје“ |
| 2 | Информација за ransomware нападот врз Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и потребата од модернизација на постојните апликативни решенија |
| 3 | Информација за донесување на Уредба за начин и критериуми за реализација на проектите финансиски поддржани од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво на Република Северна Македонија ИНОВА, со Предлог-уредба |
| 4 | Предлог-национална стратегија за заштита и користење на културното наследство за периодот 2027-2031, со Акциски план за имплементација на Националната стратегија за заштита и користење на културното наследство, за периодот 2028-2030 година |
| 5 | Информација за потребата од зголемување на бројот на Државните правобрантели во Државнотот правобранителство на Република Северна Македонија" со број 02-1038/1 |
| 6 | Информација во врска со статус на реализација на Договорот за концесија за вода за изградба на мали хидроелектрични централи за производство на електрична енергија за локација со реф. бр. 104 Габровска Река на Концесионерот АНИ ЕНЕРГЕТИК ДОО Тетово |
| 7 | Предлог уредба за рамката на општи и посебни компетенции на високите раководители и спроведувањето на постапката на селекција за висок раководител |
| 8 | Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и реконструкција/санација на спортски објекти за 2026 година |
| 9 | Информација за динамиката за поврзување на институциите кои поседуваат/користат информациски систем за канцелариско и архивско работење, со Акциски план и прилози |
| 10 | Предлог - одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Јавната здравствена установа Општа болница ,,Д-р Ферид Мурад” - Гостивар (парен фолмалдехид стерилизатор) |
| 11 | Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Казнено-поправен дом Прилеп |
| 12 | Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижна ствар на Министерството за образование и наука |
| 13 | Предлог - одлука за изменување на Одлуката за утврдување на мрежата на националните установи од областа на културата |
| 14 | Предлог - одлука за престанување на важењето на Одлуката за давање на времено користење на недвижни ствари на Амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија - Скопје |
| 15 | Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за Реконструкција на системот за централно греење во ООУ Гоце Делчев, Виница, како и Услуги за вршење на стручно технички надзор врз Реконструкција на системот за централно греење во ООУ Гоце Делчев, Виница |
| 16 | Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка, поднесен од група пратеници |
| 17 | Барање за давање на автентично толкување на член 2 став (1) точка 3, а во врска со членот 12 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (,,Службен весник на Република Македонија" број 4/05, 13/07, 165/08, 146/09, 18/11, 51/11, 27/14, 144/14, 72/15, 104/15, 153/15, 23/16, 178/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" број 122/21), поднесено од пратеникот Зоран Коцевски |
| 18 | Статут на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје (I фаза ) |
| 19 | Известување од извршител Благоја Бакрачевски од Скопје, доставено под И.бр.511/2009 за Налог за извршување врз недвижен имот запишан во Имотен лист бр.5218, за КО Кисела Вода 2, на КП бр.5756/1, викано место/улица „Лисец 43“ |
| 20 | Извештај за степенот на реализација на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2026 година (период јануари-јуни) |
| 21 | Конечен извештај за извршена ревизија на информациски системи како ревизија на успешност на тема „Имплементација на превентивни мерки за информациска безбедност на ИТ системот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија“ (Државен завод за ревизија) |
| 22 | Кадровски прашања |
| - | Кадровски прашања 20.10.2026 година |
| 23 | Прашања и предлози |
| - | Предлог-заклучок по повод учеството на Република Северна Македонија на ЕКСПО 2027, во Белград |
| - | Барање од Министерство за финансии за измена на заклучок бр.2 од Т-77 од 218-та седница на Владата на РСМ |
| - | Известување за пристигнати барања за исплата на средства од судската администрација и судиите поротници и потребата од итно изнаоѓање на решение |
| - | Информација во врска со одбележувањето на 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба кој ќе се одбележи во Скопје |
| 24 | Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, за период од 08.10.2026 до 14.10.2026 година |
| 25 | Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 08.10.2026 до 14.10.2026 година |
| 26 | Писмено известување за активностите поврзани со кризната состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република С. Македонија за период од 04.10.2026 до 10.10.2026 година |
| 27 | Информација за склучување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Министерството за здравство на Република Турција во областите на здравството и медицинските науки, со усогласен текст на Меморандум |
| 28 | Информација за влегување и престој на странски вооружени сили на територија на Република Северна Македонија за учество на вежбата„AUTUMN 26", со Предлог - одлука |
| 29 | Предлог-одлука за испраќање на припадници нa Армијата на Република Северна Македониjа за Министерство за одбранa за учество на вежбата „BCHOD/Balkan Forum 26", во Република Грција |
| 30 | Информација за потребата од спроведување на реформа во насока на решавање на статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст и трансформација на работниот однос од определено на неопределено време како цивилни лица на служба во Армијата |
| 31 | Информација за потребата од донесување на Решение за почеток со работа на студиската програма „Менаџмент и бизнис“ од трет циклус на академски студии-докторски студии (180 ЕКТС), на Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со Предлог - решение |
| 32 | Информација за потребата од донесување на Решение за почеток со работа на студиската програма „Математички науки и примена“ од трет циклус на академски студии-докторски студии (180 ЕКТС), на Факултет за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“- Штип, со Предлог - решение |
| 33 | Предлог-одлука за предавање на недвижност во владение на Јавното претпријатие за државни патишта (3-та Одлука) |
| 34 | Предлог-одлука за предавање на недвижност во владение на Јавното претпријатие за државни патишта (4-та Одлука) |
| 35 | Предлог-одлука за предавање на недвижност во владение на Јавното претпријатие за државни патишта (132-ра Одлука) |
| 36 | Предлог-одлука за предавање на недвижност во владение на Јавното претпријатие за државни патишта (133-та Одлука) |
| 37 | Предлог-одлука за предавање на недвижност во владение на Јавното претпријатие за државни патишта (134-та Одлука) |
| 38 | Информација во врска со дадените препораки од адвокатската куќа Three Crowns во изготвеното правно мислење во однос на Договорот за доделување на државна помош бр.13-1722/1 од 27.12.2018 година и Анекс-договор бр.1 бр.13-527/1 од 21.03.2022 година склучен со Друштвото за производство и трговија ДУРА АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Илинден и ДУРА АУТОМОТИВЕ ХОЛДИНГС О.К. ЛТД (DURA AUTOMOTIVE HOLDINGS U.K. LTD) и Договорот за доделување на државна помош бр.13-1007/1 од 19.08.2020 година склучен со Друштвото за производство и трговија ДУРА АУТОМОТИВЕ ЕКСТРУЖОНС ДООЕЛ Илинден и DURA AUTOMOTIVE HOLDINGS U.K. LTD, со прилози |
| 39 | Информација по Барање за репрограмирање на долг бр.11-3224/1 од 11 август 2026 година, поднесено од Општина Македонски Брод |
| 40 | Информација во врска со барањето за давање на согласност за пренос на уделите во Друштвото за производство на електрична енергија “Актуел Енерџи Груп” ДОО Скопје, со Предлог-одлука |
| 41 | Информација за издавање на полномошно на меѓународната адвокатска куќа Three Crowns LLP во врска со преговорите за спогодбено решавање на правната работа со Аптив, со прилог Полномошно |
| 42 | Информација за одржаниот Втор состанок на Заедничката комисија согласно Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија за подготовка, изградба и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел, со усогласен текст на Протокол |
| 43 | Предлог-програма за дополнување на Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2026 година |
| 44 | Информација за акциски план со краткорочни мерки за чист воздух, со Акциски план |
| 45 | Информација за потребата од вклучување меморандум за разбирање и стратешка соработка Aquarius Aerial Firefighting S.A.R.L од Луксенбург за воспоставување пред сезонска програма за специјализирано воздухопловна обука на аеродромот ,,Св. Апостол Павле“ - Охрид од 2027 година |
| 46 | Предлог-програма за изменување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година |
| 47 | Информација за склучување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за јавна администрација на Република Северна Македонија и Министерството за дигитализација и јавна администрација на Република Косово во областа на реформа на јавната администрација |
| 48 | Записник од деветтата седница на УК одржана на 20.10.2026 и Записник од единаесеттата седница на ГП одржана на 20.10.2026 |
| 49 | Информација за реализација на Проект „Реконструкција на спортска сала „Македонија“ во општина Прилеп“ |
| 50 | Предлог - одлука за изменување на Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка |
| 51 | Предлог - одлука за изменување на Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметката на акцизата |
| 52 | Информација во врска со Националната програма за достоинствена работа 2026-2030 |
| 53 | Информација за Иницијативата за развој на интегрирана дигитална платформа за привлекување странски директни инвестиции, промоција на извозот и зајакнување на конкурентноста на малите и средните претпријатија во Република Северна Македонија, со прилог |
| 54 | Предлог-одлука за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – мермер на Друштво за производство, трговија и услуги БИАНКО СЕТА МАРМИ ДОО Скопје на локалитетот ,,Дупен Камен” с.Беловодица, Општина Прилеп |
| 55 | Предлог – Програма за изменување на Програма за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2026 година |
| 56 | Годишен извештај за 2025 година за спроведување на “Стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија за 2024-2026 со акциски план” - Raporti vjetor për vitin 2025 mbi zbatimin e “Strategjisë për ndërkulturalizëm dhe kohezion social për vitin 2024–2026, me planin e veprimit” |
| 57 | О Д Л У К А ЗА УТВРДУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ ОД ПРЕМЕРОТ ВО ФУНКЦИЈА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА НЕДВИЖНОСТИ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (КЛУБ НА ОРГАНИ НА ДРЖАВНА УПРАВА) |
| 58 | Информација за потреба од обезбедување на основни ревидирани проекти за реконструкција/реконструкција со адаптација за Вила „Водно 3“ - резиденција на Претседателот на Владата на Републка Северна Македонија, Вила „Охрид“ во Охрид и вила „Стар Дојран“ во Дојран |