
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги врши работите што се однесуваат на:
-
енергетиката, енергетската политика и планирањето на развојот во областа на електрична енергија, природен гас, нафта и деривати на нафта, топлотна енергија и термални води, како и други видови енергија и нивна експлоатација;
-
снабдувањето со енергија;
-
спроведувањето на постапки за селекција и именување на органите на раководење, управување и надзор во правните лица од областа на енергетиката во целосна или доминантна државна сопственост;
-
стратегијата и политиката за енергетска безбедност;
-
рационалната употреба на енергијата и енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија;
-
координацијата на работата и реализација на енергетските инвестиции;
-
рударството, стратегија и политика за развој на рударството;
-
експлоатацијата на минерални суровини и геолошки ресурси;
-
геолошките истражувања и истражувања поврзани со експлоатација на минерални суровини;
-
изработката на програма за истражувачки работи од областа на основните геолошки истражувања поврзани со одржливото користење на ресурсите;
-
надзорот од негова надлежност и
-
врши други работи утврдени со закон.
Во состав на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е Бирото за метрологија:
-
Бирото за метрологија има својство на правно лице