Е-пошта: cabinet@sep.gov.mk
Телефон: +389 (0) 2 3200-104
Адреса: Кеј Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, Република Северна Македонија
Министер: Орхан Муртезани
Фејсбук страница: https://www.facebook.com/secretariatforeuropeanaffairs/
Министерството за европски прашања ги врши работите што се однесуваат на:
- обезбедување на координација и усогласување на работата на органите на државната управа и другите органи и институции за подготвување на Републиката за членство во Европската Унија, вклучително и за преговори за членство во Европската Унија
- обезбедување на координација на активностите за спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација склучена меѓу Републиката и Европските заедници и нивните земји членки и другите договори склучени меѓу Републиката и Европската Унија, како и на работните тела формирани во рамките на склучената спогодба и другите договори со Европската Унија
- обезбедување на координација на процесот на подготвување на македонската верзија на правото на Европската Унија (acquis communautaire)
- обезбедување на координација заради усогласување на работата на претставниците на Републиката во институциите и телата на Европската Унија
- обезбедување на координација заради усогласување на работата на Републиката како држава членка на Европската Унија
- обезбедување на координација на странската помош од Европската Унија и нејзините земји членки и другата странска помош поврзана за реформите комплементарни на процесот на интегрирање на Републиката во Европската Унија
- информирање на јавноста за активностите поврзани со процесот на европска интеграција и европските прашања
- како и други работи поврзани со Европската Унија кои ќе ги определи Владата
- врши други работи утврдени со закон
