Е-пошта: pr@mfa.gov.mk, mailmnr@mfa.gov.mk
Телефон: +389 2 3115 266
Адреса: Булевар „Филип Втори Македонски“, број 7, Скопје
Министер: Тимчо Муцунски
Фејсбук страница: www.facebook.com/MFA.North.Macedonia
Твитер профил: www.twitter.com/mfa_macedonia
Инстаграм профил: www.instagram.com/mfa_mkd/
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги врши работите што се однесуваат на:
- надворешните работи и надворешната политика на Република Македонија;
- воспоставувањето, развивањето и координирањето на односите, претставувањето и афирмирањето на Република Македонија на меѓународен план;
- заштита на интересите, правата и имотот на Републиката и нејзините државјани и на домашните правни лица во странство;
- координирањето и известувањето за политиката од надлежноста за која е основано;
- грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји;
- организацијата и раководењето со дипломатските, конзуларните и други претставништва на Република Македонија, како и организирање на системот на врски со нив;
- склучувањето, ратификувањето и чувањето на меѓународните договори;
- определувањето и одбележувањето на државната граница;
- комуникацијата и соработката со странските дипломатски и конзуларни претставништва на странски држави и мисии на меѓународни организации во Република Македонија;
- акредитацијата на амбасадори, приемот на акредитивни писма, издавањето привилегии и имунитети на странски дипломатски претставништва и претставништва на меѓународни владини организации и други работи во врска со именувањето и отповикувањето на амбасадори на Република Македонија во странство;
- собирањето, проучувањето и грижата за странската и домашната документација од негова надлежност;
- следењето на меѓународните стопански движења, како и нивното влијание врз економските односи во Републиката;
- надворешнотрговското работење;
- подобрување на економските односи со странство;
- предлагање и спроведување мерки од областа на економските односи со странство, следење на меѓународните економски односи и мултилатералната, регионалната и билатералната соработка со други земји и организации и нивниот развој;
- креирање, спроведување, предлагање и подобрување на режимот на надворешната трговска политика, вклучувајќи мерки за заштита во надворешната трговија;
- усогласување на прописите на надворешнотрговската размена со прописите на Европската Унија и Светската трговска организација и на други мултилатерални институции и организации и нивно спроведување;
- склучување и следење на спроведувањето на меѓународните трговски договори и договори и
- врши други работи утврдени со закон.
