Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерство за социјална политика, демографија и млади

Министерство за социјална политика, демографија и млади
 
Веб-страница: https://www.mtsp.gov.mk/
Е-пошта: mtsp@mtsp.gov.mk
Телефон: 02 3117 288
Адреса: Улица „Даме Груев“, број 14, Скопје
Министер: Фатмир Лимани
Фејсбук страница: www.facebook.com/MTSPmk/

 

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги врши работите што се однесуваат на:

  •    пензиско-инвалидското осигурување;
  • социјалната политика;
  •     хуманата популациона политика заради усогласен економски социјален развој;
  •    правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница;
  •  односите меѓу родителите и децата, старателството и посвојувањето;
  •    унапредувањето на рамноправноста на половите;
  •     заштитата на децата и малолетните лица;
  •     заштитата на младината и жените;
  •     заштитата на лицата со пречки во развојот;
  •     заштитата на цивилните инвалиди од војната и на семејството чиј хранител е на задолжителна воена служба;
  •     заштитата на борците од Антифашистичката војна и од сите национално ослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција;
  •     планирање на семејството;
  •    семејството и децата;
  •     подготовката и развојот на демографската политика и политиката поврзана со миграциите;
  •     подготовката и развојот на политиката за млади;
  •     грижата за психофизичкиот развој на младите и нивната заштита;
  •     поттикнувањето и помагањето на формите на младинско организирањe;
  •     преземањето активности за создавање услови за задржување во Републиката на способните и талентирани млади, како и создавањето услови за стимулирање на нивното враќање;
  •    поттикнување на вработливоста на младите;
  •     надзорот од негова надлежност и
  •     врши други работи утврдени со закон.

Во состав на Министерството за социјална политика, демографија и млади е Управата за прашања на борците и воените инвалиди.

Мени за пристапност