Е-пошта: info@mzsv.gov.mk
Телефон: 02 3134 477
Адреса: Улица „Ленинова“, број 2, Скопје
Министер: Цветан Трипуновски
Фејсбук страница: www.facebook.com/mzsv.gov.mk
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги врши работите што се однесуваат на:
- земјоделството, шумарството и водостопанството;
- користењето на земјоделското земјиште, шумите и другите природни богатства;
- ловот и риболовот;
- заштитата на добитокот и растенијата од болести и штетници;
- следењето и проучувањето на состојбите со водите, одржувањето и подобрувањето на режимот на водите;
- хидромелиоративните системи;
- хидролошките и агрометеоролошките мерења, како и противградобијната заштита;
- проучувањето и истражувањето на метеоролошките, хидролошките и биометеоролошките појави и процеси;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.
