Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба за унапредување на соработката во поддршката на лицата со попреченост

Средба за унапредување на соработката во поддршката на лицата со попреченост

Денес беше реализирана исклучително значајна средба помеѓу советничката на претседателот на Влада за унапредување на образование, здравство и социјална заштита и координатор на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост Снежана Трпевска, со г-дин Harald Breza-Fugger, австриски дипломат и социјален аташе задолжен за прашања од областа на социјалната политика, здравството, грижата, заштитата на потрошувачите и трудот при Амбасада на Република Австрија во Скопје.

На средбата беа разгледани можностите за унапредување на меѓусебната соработка во делот на поддршка на ранливите категории граѓани, со посебен фокус на лицата со попреченост, како и можностите за развој на заеднички иницијативи и активности.
Во рамки на разговорите беа разменети искуства, мислења и добри практики во повеќе области на делување, меѓу кои:

  • поддршка и јакнење на организациите на лица со попреченост;
  • координација и институционална поддршка на телата и институциите кои работат во областа на попреченоста;
  • зајакнување на механизмите за имплементација и мониторинг на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост;
  • унапредување на инклузивните политики и меѓусекторската соработка.

Во текот на средбата беше истакната важноста од меѓународната соработка, размената на добри практики и заедничкото дејствување во насока на унапредување на правата, еднаквите можности и квалитетот на живот на лицата со попреченост.

Мени за пристапност