Зулфиќар Зејнула
Министер без ресор во Влада на Република Северна Македонија
Министер без ресор во Влада на Република Северна Македонија
Биографија:
Зулфиќар Зејнула е роден на 3 октомври 1987 година во Гостивар. Дипломиран е криминалист на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Факултет за безбедност – Скопје. Средното образование го завршил во Општата гимназија „Панче Поповски“ во Гостивар.
Професионалната кариера ја започнал во приватниот сектор, а од 2017 до 2021 година бил ангажиран во правниот сектор на Демократската партија на Турците на Македонија. Во периодот 2018–2021 година бил советник во Советот на Општина Гостивар.
Од 2021 до 2024 година ја извршувал функцијата заменик-директор во Дирекцијата за заштита и спасување, каде стекнал значајно искуство во областа на заштитата и спасувањето и управувањето со кризни состојби. Бил член на повеќе општински и државни комисии и тела поврзани со безбедноста, управувањето со ризици и кризни состојби.
Во текот на професионалното усовршување учествувал на бројни домашни и меѓународни семинари, конференции и специјализирани обуки организирани од ОБСЕ, NDI, Академијата за судии и јавни обвинители, AFAD, NATO EADRCC и други институции, со фокус на безбедноста, правото, управувањето со кризи, човековата безбедност, меѓуетничкиот дијалог и борбата против корупцијата.
Поседува сертификати за познавање на англиски јазик, компјутерски вештини и повеќе специјализирани обуки од областа на правото и безбедноста. За својата ангажираност и пожртвуваност е добитник на државно одликување од Република Türkiye.
Турскиот јазик му е мајчин, а течно ги говори и македонскиот, албанскиот, германскиот, српскиот и хрватскиот јазик.
Во приватниот живот е оженет и татко на една ќерка.