Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030

Ерџан Демир

Ерџан Демир

Министер без ресор во Влада на Република Северна Македонија

Биографија: 

Пред именувањето за министер, Ерџан Демир ја извршуваше функцијата национален координатор за креирање и следење на националните стратегии и политики за немнозинските заедници во Владата на Република Северна Македонија. Оваа должност ја извршуваше во периодот од 2025 до 2026 година, при што беше задолжен за координација на институциите и следење на спроведувањето на стратешките политики насочени кон унапредување на положбата на немнозинските заедници.

Во периодот од 2021 до 2025 година беше член на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, каде активно учествуваше во процесите на управување, донесување стратешки одлуки и унапредување на работењето на јавното претпријатие.

Претходно, Демир има повеќегодишно професионално искуство како проект-менаџер во невладиниот сектор, каде работел на подготовка и реализација на развојни и општествено значајни проекти. Во приватниот сектор извршувал повеќе раководни и менаџерски функции, стекнувајќи искуство во организациско управување, развој на деловни процеси и координација на тимови.

Ерџан Демир е дипломиран економист, со високо образование стекнато на Економскиот факултет во Скопје.

Мени за пристапност