Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министер за економија и труд

Бесар Дурмиши

Бесар Дурмиши

Министер во Влада на Република Северна Македонија

Институција: 
 
 
Биографија: 

Бесар Дурмиши е истакнат политичар и професионалец во областа на финансиското сметководство, со значајно искуство во локалната самоуправа и приватниот сектор.

 

Дурмиши го започнува своето образование во Тетово, каде што го завршува основното образование во Основното училиште „Наим Фрашери“ (1996-2004) и средното образование во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ (2004-2008). Неговата академска патека продолжува на Државниот универзитет во Тетово, каде што во 2013 година дипломира на Факултетот за економски науки со специјализација во областа на финансиите и сметководството.

 

По завршувањето на додипломските студии, Дурмиши ја започнува својата професионална кариера како авторизиран сметководител во Rekont Plus Accounting Office, каде што работи од 2013 до 2020 година.

 

Во 2017 година, Дурмиши е избран за член на Општинскиот совет на Општина Тетово, позиција на која работи до 2021 година, а од 2021 до 2024 е избран и за претседател на Општинскиот совет на Општина Тетово

 

Дурмиши ги продолжува своите академски активности и во моментот е на магистерски студии по менаџмент и финансии на College of Business Faculty во Приштина. Во 2021-2022 година, тој завршува специјалистички студии на Американскиот универзитет на Европа во Скопје, каде што стекнува дополнителни вештини од областа на економските науки.

 

Бесар Дурмиши покрај албанскиот течно говори македонски и англиски јазик.

Мени за пристапност