Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министер за локална самоуправа

Златко Перински

Златко Перински

Министер во Влада на Република Северна Македонија

Институција: 
 
 
Биографија: 

Златко Перински е менаџер со значајно искуство во различни индустрии. Тој е роден на 14 јануари 1983 година во Скопје.

 

Перински завршува високо образование на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекна со титулата дипломиран професор и тренер. Подоцна, тој го продолжува своето образование на Институтот за политичко-правни истражувања при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, каде што се стекнува со магистерска диплома по менаџмент на човечки ресурси со тезата: „Лидерот како креатор на организациските промени“.

 

Неговата професионална кариера започна во 2009 година како основач и управител на приватна компанија за матични клетки. Во 2012 година, Перински основа приватна компанија која е претставништво на германска банка за матични клетки државите од балканскиот регион.

 

Во периодот од 2014 до 2017 година, Перински е управител на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Од 2021 до 2022 година, тој е генерален директор и на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во Скопје.

 

Перински е полиглот и течно говори англиски јазик.

Мени за пристапност