Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министер за правда

Јетон Шасивари

Јетон Шасивари

Министер во Влада на Република Северна Македонија

Институција: 
 
 
Биографија:

Д-р Јетон Шасивари е редовен професор по уставно и управно право. Од 13 јули 2026 година ја извршува функцијата министер за правда на Република Македонија. 

Докторските студии по уставно и управно право ги завршил на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа, каде што се стекнал со научниот степен доктор на правни науки. Магистерските студии по уставно и управно право ги завршил на Правниот факултет при Универзитетот во Приштина, стекнувајќи се со звањето магистер по правни науки. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на правосудната насока, стекнувајќи се со звањето дипломиран правник. 

Од 2002 година е вработен во Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Во текот на академската кариера бил избран во наставно-научните звања: помлад асистент (2002-2006), асистент (2006-2009), доцент (2009-2014), вонреден професор (2014-2019), а од ноември 2019 година е редовен професор по уставно и управно право.

Наставата ја изведува на албански, македонски и англиски јазик. 

Професионално искуство 

Од 2006 до 2014 година бил продекан на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа.

Од 2012 до 2016 година бил член на Сенатот на Универзитетот, а од 2014 до 2016 година и член на Централниот комитет за истражување.

Од 2015 до 2019 година ја извршувал функцијата заменик-претседател и член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Од март 2019 година е предавач по уставно право во Академијата за судии и јавни обвинители.

Во 2020 година бил дел од групата уставни експерти поканети од Претседателот на Републиката за стручни консултации во врска со прогласувањето вонредна состојба поради пандемијата на COVID-19.

Во периодот 2021-2023 година бил член на судските совети и стручните жирија на регионалните натпревари во импровизирани судења пред Европскиот суд за човекови права, во организација на шведската меѓународна организација „Civil Rights Defenders“, одржани во Пиран, Ниш и Подгорица, кадешто учествувале апсолвенти од 13 правни факултети од земјите на поранешна Југославија и од Тирана.

Од 2021 до 2023 година бил надворешен советник на претседателот на Собранието во рамките на европскиот дијалог „Жан Моне“ за подготовка на новиот Деловник на Собранието.

Од октомври 2023 година е член на Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители, а од јануари 2024 година е заменик-член на Република Македонија во Венецијанската комисија.

Како уставен експерт учествувал на повеќе подготвителни седници на Уставниот суд, како и на стручни тркалезни маси организирани во соработка со ОБСЕ и Европската Унија за унапредување на организацијата и функционирањето на Судот. 

Меѓународно искуство

Учествувал на бројни меѓународни академски и професионални студиски престои и програми во Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија, Словенија, Австрија, Шпанија, Турција, Швајцарија, Белгија и Литванија.

 Во 2008 година бил учесник во престижната програма International Visitor Leadership Program (IVLP) на Стејт департментот на САД, посветена на американскиот судски и политички систем, при што посетил повеќе федерални институции, вклучително и Врховниот суд, Конгресот, Сенатот и Министерството за правда на САД.

Член е на асоцијацијата на американските алумни во Република Македонија 

Научно-истражувачка дејност

 Автор е на универзитетските учебници „Уставно право“, „Управно право-материјално и процесно право“ и „Вовед во правото“, како и коавтор на повеќе научни и стручни публикации.

Автор е и на учебниците за средно стручно образование „Административно право“, „Прекршоци во постапка пред прекршочни органи“ и „Прекршоци во судска постапка“, издадени од Министерството за образование и наука.

Има објавено повеќе од 100 научни и стручни трудови во домашни и меѓународни научни списанија, зборници од конференции и други академски публикации од областа на уставното и управното право.

Мени за пристапност