Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министер за здравство

Сашо Клековски

Сашо Клековски

Министер во Влада на Република Северна Македонија

Институција: 
 
 
Биографија: 

Сашо Клековски е роден е на 13 април 1966 година во Скопје. Завршен Медицински факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и МБА академска програма на УАЦС.  Оженет со Ана, има две деца, Ангелина и Никола.

Работно искуство:

Триесет годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор.

На крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите е прв човек на Сојузот на студентите по медицина на Македонија и Сојузот на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. 

Во 1993 година еден од основачите, а од 1994 година до 2011 година, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Од 1998 до 2008 година го води воспоставувањето на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и е претседавач на Одборот на старатели на МРФП од 2017 година до сега.

Основач е и член на органи на повеќе граѓански организации, а соработувал со голем број на граѓански организации, мрежи и платформи од различни подрачја.  

Прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија од 2007 година до 2010 година. Предавач на Факултетот за деловна економија и менаџмент на УАЦС на МБА студии по предметот Претприемнички финансии од 2013 до 2016 година.

Во јавниот сектор работел на подготовка на повеќе национални стратегии, како на пример првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2007-2011 година и првата Државна програма за превенција и репресија на корупцијата 2007-2011 година, како и на јакнење на капацитетот на институции, како што се Народен правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Во приватниот сектор работел на стратешки анализи, како на пример Индексот за бирократија во 2020 и 2021 година и како консултант на  реструктурирање и сосопственик на бизниси.

Има искуство надвор од Македонија, на Балканот и ЕУ.
Автор е на повеќе истражувачки извештаи, книги и написи. Колумнист во „Нова Македонија“ од 2012 година  до 2024 година. Своите ставови ги објавува на блогот „Меѓутоа“. 

Од 2 јули 2024 година беше именува на вршител на должност директор на ФЗО, каде што потоа беше избран за директор на ФЗО со полн четиригодишен мандат.

Мени за пристапност