Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министер за животна средина и просторно планирање

Муамет Хоџа

Муамет Хоџа

Министер во Влада на Република Северна Македонија

 
Биографија: 

Министер за животна средина и просторно планирање
Влада на Република Северна Македонија

Муамет Хоџа е дипломиран правник и министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Северна Македонија. Роден е на 18 мај 1977 година во Скопје.

Основното образование го завршил во ОУ „Бајрам Шабани“ во Кондово, а средното образование во гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје. Високото образование го завршил на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнал со звањето дипломиран правник. Има положено Правосуден испит и Нотарски испит.

Неговата професионална кариера опфаќа богато искуство во медиумите, државната администрација и Владата. Работел како новинар и уредник во Македонската радио-телевизија-Радио Скопје, како и како дописник на Радио Телевизија 21 и дневниот весник „Бота Сот“.

Во јавната администрација бил ангажиран во Координативното тело за доброволно собирање на нелегално оружје, во Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор, во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, како и во Министерството за односи меѓу заедниците, каде што ја извршувал функцијата раководител на сектор. Исто така, ја извршувал и функцијата портпарол на Владата на Република Северна Македонија.

Мени за пристапност