Иван Стоилковиќ
Заменик на претседател на влада во Влада на Република Северна Македонија
Заменик на претседател на влада во Влада на Република Северна Македонија
Стоилковиќ го започнува своето образование во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово и истото го продолжува на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнува со титулата дипломиран правник.
Неговата професионална кариера започнува во 1986 година во Младинскиот совет во Куманово, каде што е претседател сé до 1990 година. Потоа, во 1992 година тој основа и градежно претпријатие, активност која трае сé до 2002 година.
Стоилковиќ е пратеник во Собранието на Република Македонија од 2002 година до 2024 година, каде што активно учествува во различни комисии и пратенички групи.
Стоилковиќ од 2001 година до денес е претседател на Демократската партија на Србите. Неговиот придонес кон српската заедница вклучува иницијативи за одбележување на Денот на Свети Сава, поставување споменици и спомен плочи, како и промоција на српската култура и традиција во Македонија.
Неговиот ангажман е награден со бројни благодарници, вклучувајќи ја „Златната значка“ од Културно-просветната заедница на Србија и Министерството за надворешни работи на Србија, како и „Крст на Вождот Ѓорѓе Стратимировиќ“ од Шајкашкиот развоен центар.
Иван Стоилковиќ течно говори македонски, со основно познавање и на англиски јазик.