ЈАВЕН КОНКУРС за избор на здружение кое ќе ја обезбедува услуга во Центар за социјална рехабилитација на лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори
Врз основа на член 158 и 159 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14,180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17 и 51/2018) и Правилникот за начинот и постапката за доделување на средства на здруженија на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита (“Сл.весник на РМ“ бр.24/05 и 38/07), Министерството за труд и социјална политика, објавува:
ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на здружение кое ќе ја обезбедува услуга во Центар за социјална рехабилитација на лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори, преку Програма за социјална ресоцијализација во терапевтска заедница
1. Општа цел:
Обезбедување на привремено прифаќање и згрижување на лицата кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори, спроведување на ресоцијализација и реинтеграција преку организиран психосоцијален третман во текот на одреден временски период, преку програма и метод на самопочитување и активно вклучување на корисникот во терапевтската програма, услуги во врска со исхрана, престој и згрижување.
2. Активности
Центарот за социјална рехабилитација на лица кои употребуваат односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанци и прокурзори -Терапевтската заедница ги реализира следниве активности во рамките на привременото сместување на корисниците и задоволување на животните потреби како што сe:
- обезбедување на просторни услови и нивно опремување за обезбедување на ресоцијализација преку програмата за работа со корисниците,
- интервенции за промена на индивидуалното однесување на корисникот, поврзано со користење на дроги (психоактивни супстанции), а во насока на менување на однесувањето и ставовите кон семејството, личното образование и професионалниот ангажман, со цел за олеснување на индивидуалното одвојување на лицето од терапевтската заедница и успешно реинтегрирање во семејството и општеството
- структуриран постојан дневен распоред на групни и индивидуални активности, работна терапија, методи, активности и време на траење на секоја поединечна фаза согласно Правилникот за нормативи и стандарди за простор, опрема, стручни кадри и средства потребни за основање и започнување со работа на центар за социјална рехабилитација на лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори и поблиски услови за начинот на остварување и спроведување на програмата за социјална ресоцијализација во терапевтска заедница.
3. Критериуми за учество
- Искуство во работа со лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори.
- Расположливи човечки, просторни и технички ресурси.
- Да не добиле средства или поднеле пријава за добивање на средства од/до друг орган на државната управа за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава.
4. Потребни документи
- Пријава.
- Предлог-проект со детален опис на активностите со конкретен работен план за имплементација и период на реализација на проектот, со кои ќе се обезбеди реализација на предвидените цели, активности и услуги дефинирани во јавниот конкурс.
- Регистaрски број и број на решението на здружението, издадено од Министерството за труд и социјална политика.
- Полн назив и адреса на останатите субјекти со јасно дефинирани активности во текот на реализација на проектот.
- Детален опис на активностите со конкретен работен план за имплементација и периодот на реализација на проектот, со кои ќе се обезбеди реализација на предвидените цели, активности и услуги дефинирани во јавниот конкурс.
- Детална финансиска структура на активностите во рамките на вкупните средства кои се предвидени за реализација на проектот.
- Број на трансакциона сметка на здружението.
- Список со име и презиме на лицата кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот, како и нивната квалификациона структура и нивното професионално искуство (биографија на лицата).
- Име и презиме и податоци за контакт на одговорното лице за реализација на проектот.
- Информации за работното искуство во областа на социјалната заштита, согласно со барањата и потребите од јавниот конкурс.
- Изјава дека не добиле финансиски средства за оваа намена од други органи на државната управа.
5. Висина и средства кои се доделуваат и временскиот период во кој ќе се извршуваат работите
- Министерството за труд и социјална политика, ќе обезбедува поддршка за финансирање услугата за ресоцијализација и реинтеграција во износ од 23.000 денари по корисник месечно за најмногу 20 корисници сместени во терапевтска заедница во период од една година, од денот на склучување на договорот.
6 . Селекција и избор на најдобриот Проект
- Селекцијата и изборот ќе се врши согласно Правилникот за начинот и постапката за доделување на средства на здруженијата на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита (“Сл.весник на РМ“ бр.24/05 и 38/07).
- Ќе се смета за предност доколку се обезбеди соработка со локалната самоуправа на полето на социјалната заштита за оваа категорија на граѓани.
Напомена: Пријавите со непотполна документација нема да се разгледуваат.
7. Рокови за спроведување на постапката
- Конкурсот трае 5 дена од денот на објавувањето.
- Крајниот рок за доставување на апликациите е до 16 часот во последниот ден на рокот на конкурсот.
- Комисијата за соработка со здруженијата во рок од 30 дена по истекот на рокот за поднесување на пријавите изготвува мислење до министерот.
- Министерот за труд и социјална политика во рок од 15 дена по доставувањето на мислењето од страна на Комисијата за соработка со здруженијата, донесува решение за доделување на средствата и писмено ќе ги информира сите апликанти за крајниот резултат.
- Договорот за меѓусебните права, обврски и одговорности во реализацијата на финансиската поддршка на здружението, Министерот за труд и социјална политика ќе го склучи во рок од 15 дена од денот на правосилноста на решението за доделување на средствата и пријавата со приложените документи треба да се достават до архивата или преку пошта на Министерството за труд и социјална политика на адреса ул.“Даме Груев“ бр.14-Скопје-Комисија за соработка со здруженија, во затворен плик, со назнака за Јавниот конкурс за избор на здружение кое ќе ја обезбедува услугата од вонинституционална социјална заштита – социјална рехабилитација на лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори во терапевтска заедница.
Здруженијата кои ќе бидат поддржани од страна на Министерството за труд и социјална политика, имаат обврска на сите материјали (печатени и електронски) кои ќе бидат продуцирани во рамки на тој проект на видно место да стои