Завршна јавна дискусија за Нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ во Скопје
Во Клубот на пратеници ќе се одржи завршната јавна дискусија за Нацрт-текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“.
На јавната дискусија, воведни обраќања ќе имаат заменичка на претседателот на Владата на РСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик на претседателот на Владата на РСМ задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и програмската директорка во Фондацијата Отворено Општество - Македонија (ФООМ), Сунчица Костовска, додека претставување на нацрт-текстот на Стратегијата ќе одржи претседателот на координативното тело за изготвување на националната стратегија и национален координатор за развој на културата и меѓуресорската соработка, Роберт Алаѓозовски.