Соопштенија

Силни пораки од Трст на светско политичко ниво: Премиерот Заев се сретна и со претставникот на британската премиерка Меј, Борис Џонсон, во Македонија се гледа мотор на регионот кон ЕУ и НАТО

Оценката што ја соопшти министерот за надворешни работи, Џонсон е дека Македонија е конечно на вистинскиот правец и најави дека Велика Британија ќе направи се што може да и помогне на нашата држава за влез во НАТО и во ЕУ. 

Средба на премиерот Заев со канцеларката Меркел: Германија силно ја поддржува новата реформска Влада на Македонија

Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евро-атлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните. 

Прогласена кризна состојба поради напливот на мигранти

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во регионот на јужната и на северната државна граница поради зголемениот наплив на мигранти, со што согласно правните прописи се отвора можност за соодветен ангажман и на АРМ, информира денеска на прес-конференција портпаролот на МВР Иво Котевски.

Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер во посета на Република Македонија

Претседателот на Европската Комисија на ЕУ, Жан-Клод Јункер, во придружба на еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија,  Јоханес Хан, во недела, на 25 февруари, ќе престојуваат во неколкучасовна посета на Република Македонија.

Премиерот Заев на средба со компанијата BIOGEN, обострана е желбата да им се помогне на заболените од ретки болести

Тимот од компанијата BIOGEN, на средбата презентираше резултати од клиничките испитувања на лекот за ретката болест од која во Македонија боледуваат 7 македонски граѓани.

Премиерот Заев со компании-членки на Германската стопанска комора во Албанија: Искористете ги нашите економски потенцијали, сега кога атмосферата е позитивна, кога Македонија е свртена кон ЕУ и НАТО

На средбата, со петнаесетина бизнис-претставници, членови на Комората, беше потенцирана цврстата определба на Владата на РМ да ја интензивира економската соработка со земјите од регионот, вклучувајќи ја и Албанија.

Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Македонија започнаа со процес на консултативни средби за заедничко подобрување и спроведување на младинските политики во Република Македонија

Агенцијата за млади и спорт (АМС), со поддршка од Владата на Република Македонија денеска во Клубот на пратеници организираше консултација со младинските организации кои се занимаваат со младински политики.

Средба на премиерот Заев со словенечкиот амбасадор Јазбец: Засилената дипломатска активност на премиерот Заев ги отвора перспективите на Македонија и граѓаните, Словенија преку грантови ќе го помага домашниот локален развој

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, утрото се сретна со амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Милан Јазбец.

Манчевски и Лукаревска: Внесот на податоци за вработените предуслов за исплата на плати

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска одржаа заедничка прес-конференција.

Министерот Зоран Шапуриќ на настанот „Меѓународен ден на мајчиниот јазик”

Вчера министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на настанот „Меѓународен ден на мајчиниот јазик”, организиран од страна на Интегра Нау.

Pages