Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Интегрални говори од прес-конференцијата на Марија Митева, Ивана Гиновска и Игор Никоски

Интегрални говори од прес-конференцијата на Марија Митева, Ивана Гиновска и Игор Никоски

Почитувани граѓани,

Почитувани претставници на медиумите,

Ви благодарам за присуството.

Ова е прва прес-конференција оваа година, дозволете ми да ви ги честитам празниците и да ви добро здравје и многу успеси.

Заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска и директорот на управа за животна средина, Игор Никоски ќе се осврнеме на една од клучните теми која е од јавен интерес, а тоа е заштитата на животната средина со посебен фокус на квалитетот на амбиенталниот воздух.

Ќе зборуваме за спроведени инспекциски надзори, изготвени извештаи во текот на изминатата година. Имаме за цел да ги презентираме вкупните бројки за извршените контроли и инспекции како и конкретни резултати и наоди од тие постапки.

Нашата цел како Влада е транспарентно да ја информираме јавноста за тоа како институциите постапуваат, кои се утврдените состојби на терен и какви мерки се земаат за унапредување на квалитетот на воздухот и заштитата на здравјето на граѓаните.

Ваквиот пристап којшто е заснован на податоци, отчетност и координација помеѓу надлежните институции е од суштинско значење за градење на доверба и за креирање на ефикасни политики во областа на животната средина.“

Во прилог Ви ги испраќаме интегралните говори на директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска и директорот на управа за животна средина, Игор Никоски.

Во продолжение интергалниот говор на директорката на Државниот инспекторат за животна средина:

„Почитувани претставници на медиумите,

Почитувана јавност,

Би сакала да ве поздравам во името на Државниот Инспекторат за животна средина.
 
Овој прес е тематски посветен на инспекциските надзори во животната средина во однос на квалитетот на амбиентниот воздух во Македонија.
 
Најнапред би започнала со некои статистички показатели во однос на спроведени инспекциски надзори во 2025 година.
 
Во тековната 2025 година податоците се обработени заклучно со 20 декември се реализирани 1.700 инспекциски надзори (839-редовни, 532-вонредни и 329 контролни инспекциски надзори), утврдени се 398 неправилности и издадени исто толку и решенија во инспекциска постапка.
 
Покренати се над 30 прекршочни и 4 кривични постапки.
 
Државниот Инспекторат за животна средина работи согласно одобрен Годишен План за работа од страна на министерот за животна средина и просторно планирање.
 
ДИЖС согласно Акцискиот План за краткорочни мерки на Владата за чист воздух за период ноември 2025 до март 2026 е задолжен да спроведува инспекциски надзори кај субјекти кои поседуваат А-ИЕД од 1 ноември до денес се спроведени над 55 инспекциски надзори на територијата на целата држава во инсталации каде има влијание врз животна средина преку емисии во воздухот, издадени се 20 решенија и 3 забрани за работа.
 
ДИЖС врши надзори согласно плановите во сите инсталации со А-ИЕД на територијата на државата континуирано во текот на целата година, притоа како и останати инспекторати почитувајќи ја методологијата за ризици при планирањето на надзорите, односно законските одредби за фреквенција на надзори во текот на годината во еден субјект на пример согласно членот 57 став (6) од Законот за инспекциски надзор е пропишано дека редовен надзор од иста инспекциска служба кај ист субјект се врши не повеќе од еднаш во текот на годината.
 
Согласно утврдени ризици при планирањето на пример во моментов со актуелната состојба со правен субјект ТИТАН Цементарница УСЈЕ ве известувам, дека во текот на 2025 година се извршени 6 надзори кај овој правен субјект од кои 2 редовни и 4 вонредни инспекциски надзори од различни државни инспектори (последните вонредни беа реализирани во текот на ноември со инспектор за животна средина од Градот Скопје 18.11.2025 во 22:00 дo 00:30 и во декември на 18.12.2025 со инспектор за животна средина од Општината Кисела Вода), при што кај сите надзори не се утврдени неправилности во работењето кај овој правен субјект.
 
Изминатиов период имавме истотака вечерна ненајавена контрола со инспектори од внатрешноста и пишувачи на дозволата од Управата за животна средина.
 
Реализирани се и ненајавени вонредни мерења на емисии во воздух со Одделението-Лабораторија за животна средина при МЖСПП со претставници од Управата за животна средина.
 
Секој месец Цементарница Усје до инспекторатот доставува месечен извештај за емисии во воздухот од сите емисиони точки,  исто така доставува двапати годишно извештај од мерења кои ги извршува акредитирана лабораторија.
 
Зошто така се задолжени согласно дозволата.
 
Да се вратам на надзорите согласно Акцискиот План, надзорите продолжуваат континуирано, а на секои 15 дена ДИЖС доставува извештај до работната група формирана од МЖСПП која го следи спроведувањето на Акцискиот план.
 
Како бројка со активни А-ИЕДозволи се некаде 120 правни субјекти согласно Регистарот кој го води Управата за животна средина, а на територија на град Скопје се околу 40.
 
Сите издадени дозволи се уредно објавени од страна на МЖСПП на интернет страната и секој може да се запознае за работењето на секоја инсталација, што користи како енергенс, обврски и фреквенции на мерења за различни медиуми, се она што е пропишано од страна на Управата за животна средина која ги издава истите.
 
Треба да нагласам дека инспекциската служба не е правосуден орган, не е полиција, не издава и одзема управни акти (дозволи, итн.), не врши вештачења или процени на штети, не врши мерења на бучава, воздух, вода итн., тоа е обврска и задача на акредитирани лаборатории за животна средина, единствено инспекцијата има пред се превентивна дури на крај репресивна улога при инспекцискиот надзор над спроведувањето на законските одредби, односно условите во А-ИЕД и елаборатите за животна средина издадени од страна на Управата за животна средина.“

Во продолжение интегралниот говор на директорот на управа за животна средина, Игор Никоски:

„Почитувани,
 
Цементарница „Усје“ АД Скопје претставува инсталација за производство на цементен клинкер во ротациони печки со производен капацитет над 500 т/ден. Инсталацијата има доставено:
-           барање за А-Дозвола за усогласување со оперативен план на 27.06.2007 бр.11-3950/1 и по спроведување на постапката на 07.03.2011 е издадена А-Дозвола за усогласување со оперативен план бр.11-2402/1.
-           На 22.05.2013 год. издадена е Измена на А-Дозвола за усогласување со оперативен план бр. 11-1227/3 во која дозвола е одобрено користење на алтернативни горива.
 
Пред почетокот на користењето на алтернативни горива, УСЈЕ подготви детална студија за оцена на влијанието врз животната средина и доби решение за издавање на согласност на Студија за оценка на влијание врз животната средина за проект „Воведување на алтернативни горива во Цементарница Усје” (бр.11-1782/5 од 13.06.2012 год.). 
 
По спроведување на целосната постапка на 12.03.2020 издадена е А-Интегрирана еколошка дозвола 11-714/5.
 
А-интегрираната еколошка дозвола има важност од 7 години. Најдоцна една година пред истекот на важноста, Операторот е должен да поднесе барање за обновување на дозволата.
 
Најкасно до 12.03.2026 цеметнтарница „Усје“ треба да достави барање за обновување на А-Интегрираната дозвола, постапката ќе опфати одредби од Законот за животна средина кој се однесуваат на издавање на А-Интегрирана еколошка дозвола, постапка, учество на јавноста, услови, имплементирање на најдобри достапни техники, меѓутоа новиот Закон за индустриски емисии бр.193/2025 од 18.09.2025 има рок за примена од 26.09.2027, но може да ни даде насоки за имплементација за заклучоците за цементна индустрија.
 
На крајот од 2018 година, УСЈЕ започна со користење алтернативни горива како замена за фосилни горива, со стапка на замена до 15%. Алтернативните горива што се користат се горива од цврст отпад (RDF) и биомаса од земјоделски отпад (оризова лушпа), и одреден отпад од текстилната индустрија. Согласно Годишниот извештај за животна средина во 2024 година не се увезувани алтернативни горива за копроцесирање поради забраната за увоз на отпад за енергетски цели, наведено во Законот за отпад. Како алтернативни горива кои биле користениво 2024 година сепосочени биомаса од земјоделски отпад (лушпа од ориз и лушпи од кафе), селектиран отпад од текстилна индустрија, отпад од пакување што не може да се рециклира, како и отпадна пластика што не може повторно да се користи и рециклира.
 
Употребата на алтернативните горива освен што е и една од препораките за најдобри достапни практики во цементната индустрија, таа е во склоп на концептот на циркуларна  економија.
 
Придобивки од користењето на алтернативните горива:
 
Предности за животната средина:
•Намалување  на  употребата  на  необновливи (фосилни) горива и суровини
•Намалување на стакленичките гасови
•Обновување на енергијата наместо отстранување (хиерархија на отпадот) 
 
Емисиите во воздух од цементарниа „Усје” кои се емитираат претставуваат отпадни гасови од согорување и прашина. Согласно А-Интегрираната еколошка дозвола на Цементарница „Усје” АД Скопје бр.11-714/5 од 12.03.2020 година има 12 емисиони точки во воздух (2 емисиони точки од парен котел, 2 емисиони точки од ротациони печки, 2 од ладилник на клинкер, 4 од мелници за клинкер и 2 од мелници за гориво).
 
Отпадните гасови поминуваат низ филтер со вреќи па потоа се испуштаат во атмосферата.
 
Цементарница „Усје“ има согласно дозволата има 24 часовен континуиран мониторинг, 7 дена во неделата. Податоците како што кажа и директорката на инспекторатот се обработуваат софтверски.
 
Мерењата на концентрации на цврсти честички во воздухот со големина до 10 микрометри (ПМ10) се вршат два пати годишно од надворешна акредитирана лабараторија.
 
Ви благодарам.“

Мени за пристапност