Добар ден и од мене.
Во Делчево како што гледате се гради, како што се гради во суштина и на повеќе од 1.200 локации низ цела Македонија. Десетици проекти се реализираат овде во оваа општина и ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за навистина посветената работа којашто ја врши имајќи предвид со каков предизвици се соочува самата општина. Вие споменавте некој од нив како што е на пример блокираната сметка, но и тука не стојат работите и тука се придвижуваат во позитивна насока.
Очекувам дека во овој мандат таа сметка ќе биде одблокирана за да може општината да функционира нормално. Би сакал да се заблагодарам и на советниците од советот којшто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, сите тие се заслужни за да овој мозаик биде поинаков, односно да се гради тука и да се испорачува за граѓаните.
Ние како Влада остануваме посветени на испорака кон општините, а преку општините кон граѓаните бидејќи градоначалниците се тие коишто се на првата линија заедно со граѓаните. Се разбира кога многу работи во минатото стоеле со децении, не можат преку ноќ да се променат, но добро е кога се оди приоритет по приоритет еве слушнавте и вие 16 проекти во моментов општината ги реализира преку онаа реалокација на финансиски средства од Владата кон општината, останатите од сопствени сили, од сопствен буџет ќе се реализираат.
Така што јас сум задоволен, на ова би го додал и експресниот пат за којшто еве конечно се распиша тендер за проектно решение би рекол, физибилити студија Кочани-Виница-Делчево, така што генерално очекувам да состојбите и понатаму продолжат во периодот којшто следи да се развиваат. Јас можам само да кажам дека како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме општините.
Уште еднашка голема благодарност и му честитам на градоначалникот за посветената и фокусирана работа којашто ја врши за граѓаните на Делчево.