Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Како Влада сме ориентирани да направиме современо здравство, оваа година имаме рекордно издвојување од над милијарда евра

Мицкоски: Како Влада сме ориентирани да направиме современо здравство, оваа година имаме рекордно издвојување од над милијарда евра

Добар ден и од мене.

Почитувани претставници на медиумите,

Би сакал да кажам дека здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, трпение, но најмногу од сè бара пари, затоа што тоа што е уништувано со години, да бидам попрецизен со децении, за жал преку ноќ не можеме да го исправиме.

Како Влада оваа година рекордно издвојуваме веќе повеќе од 1 милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги. Морам да признаам дека сè што можеме да направиме од страна на Владата во периодот што помина и тој што следи ќе го направиме. Ваков тип на проекти за мене импресионираат и јас навистина честитам на директорката и на вработените во Клиничката болница во Битола.

Ова е само почеток, целта ни е целосно би рекол реновирање. Одиме чекор по чекор до екипирање и од човечки капацитет, но и од оној другиот преку опрема, апаратура неопходни за да се дадат здравствените услуги на граѓаните, она што им е потребно. Досега успеавме дел од тоа што недостасуваше да го обезбедиме, но и отсега со несмалена динамика ќе продолжиме во таа насока.

Јас би сакал да се заблагодарам на сите вработени тука, на директорката, на министерот, на Фондот за здравство и здравствено осигурување, за сето трпение коешто изминатиов период го имаа. Нè очекуваат предизвици уште поголеми во периодот којшто следи, но ние како Влада сме цврсто ориентирани да направиме современо здравство коешто ќе одговори на потребите на граѓаните во било која смисла. Така работевме ќе повторам досега, така планирам и понатаму да работиме.

Ви благодарам и на вас што сте денеска тука и што можевте одблиску да посведочите на она коешто изминативе 2 години се работи тука, уште многу ќе има да се сработи во периодот којшто следи така што ве поканувам да нè следите за тоа коешто го работиме.

Ви благодарам.

Мени за пристапност