Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани

Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани

Добар ден и од мене, благодарам на присуството на медиумите.

Денеска сме овде за да направиме увид би рекол на овој клучен проект за градот, јас можам само да додадам на тоа што претходните говорници го кажаа, дека оваа Влада, општините и локалната самоуправа ја поддржува како ниту една Влада претходно.

Од почетокот кога беше оваа влада избрана, таму некаде пред 27 месеци отприлика половина милијарда евра се проектите коишто ги финансираме директно од централниот буџет.

И ако земете наназад, можеби во 35 години независност толку многу проекти од централната Влада за локалната самоуправа и општините не биле финансирани досега.

Така што тоа претставува сериозна поддршка за општините, тоа претставува нешто што за нас како Влада е политика од самиот почеток и така и ќе продолжиме во периодот којшто следи.

Голем дел од општините подготвуваат проекти за следниот циклус којшто би го финансирала Владата и ценам дека на тој начин ги подобруваме условите за живот на граѓаните, им го подобруваме начинот на живот. Проблеми има, тие проблеми се таложеле, предизвици има, предизвиците се присутни децении наназад. Во зависност од ресурсите и приоритетите, тие предизвици се надминуваат, проблемите се решаваат.

Наша стратегија е да не креираме нови проблеми, а старите да ги решаваме, започнатите да ги довршуваме. Еве слушнавте мислам дека овие три, или четири капитални проекти коишто ќе бидат завршени за градот Скопје до нова година јас ценам дека значително ќе го подобрат начинот на функционирање на скопјани, но и на оние коишто често го посетуваат Скопје.

Би сакал да им честитам на градоначалниците коишто се тука со мене, да се заблагодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на советниците, на пратениците коишто се борат за проект повеќе во општините од каде што доаѓаат и како претседател на Влада можам да кажам дека посакувам да има уште повеќе проекти коишто ние како Влада би ги финансирале во периодот којшто следи.

Мени за пристапност