Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик и функционалност, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција

Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик и функционалност, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција

Добар ден и од мене.

Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа претходните говорници, само сакам да кажам дека дојде редот и на калето да се среди. 

Има многу работи коишто треба да се средуваат една од тие е и Скопското Кале. Знаете дека успеавме да излеземе од тие предизвици поврзани со Скопје - европска престолнина на културата. 

Очекувам во периодот којшто следи практично калето да го добие оној лик и функционалност каква што ја заслужува, тоа е она што ќе биде наша цел како Влада заедно со институциите коишто се за различни делови надлежни. 

Очекувам кога сето ова ќе биде завршено да имаме навистина исклучително квалитетен објект во Скопје којшто ќе претставува една од неколкуте исклучително ретки и важни туристички атракции тука во Скопје. 

Ако биде се како што треба тоа ќе се случи следната година нормално од оваа година ако почнеме. Сега е веќе средено, тука знаете имаше трева, колку толку хортикултурно е потсредено за да можат колку толку посетителите да се запознаат со Скопското Кале, но не сме задоволни од ова што во моментот се случува. Знаеме дека Калето има повеќе можности и ние како Влада ќе застанеме позади институциите и финансиски и логистички и секако да скопското Кале го добие оној лик којшто го заслужува и да биде дел од Скопје-европска престолнина на културата.

Благодарност до сите институции коишто досега беа вклучени, благодарност до професорите, до професорот, до експертите, до сите оние коишто до сега работеа на истражување на скопското кале, мислам дека ќе бидат исклучително изненадени граѓаните од сето она коешто ќе биде изложено. Зборувам не само за скопјани туку би рекол и светот. 

Така што еве тука ќе застанам, уште еднаш благодарам и заедно да продолжиме и натаму да ги решаваме работите и скопското кале следната година да ја добие онаа физиономија којашто ја очекуваме дека треба да ја добие и којашто ја заслужува.

Благодарам.

Мени за пристапност