Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски на увид во изградба на автопатот Гостивар-Букојчани: Владата е посветена на реализација на инфраструктурни проекти кои се значајни за граѓаните

Мицкоски на увид во изградба на автопатот Гостивар-Букојчани: Владата е посветена на реализација на инфраструктурни проекти кои се значајни за граѓаните

Добар ден и од мене, почитувани претставници на медиумите.
 
За мене секогаш е задоволство да бидам присутен на вакви настани, посебно кога станува збор за реализација на градба како што е овој автопат.
 
Оваа Влада е целосно посветена на изградба на ваков тип на инфраструктура бидејќи поврзувањето, а и самата географска местоположба на државата треба да се искористи како предност, да се биде раскрсница во регионот е стратешка предност и како што кажа почитувана в.д. амбасадорка на САД во земјава, ние сме дел од НАТО Алијансата и на ова начин на реализирање на овие коридори се подобрува отпорноста и безбедноста во регионот, но и на Јужното крило на НАТО алијансата.
 
Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на потпретседателот на Влада и министер за транспорт, на заменик-министерката во Министерството за транспорт, директорот на ЈПДП, да се заблагодарам на останатите институции, Управата за имотно правни работи, Министерството за финансии, Катастар и сите оние институции што учествуваат во реализација на овој проект.
 
Да се заблагодарам на колегите од Владата коишто имаат разбирање, бидејќи еден од врвните приоритети е изградбата на овој проект, битно е за поврзувањето и подобрување на геостратешкото значење и положба на државата.
 
Јас очекувам овој проект да додаде вредност во животите на граѓаните, но истовремено да ја подобри логистиката низ државата, а ние како Влада ќе сториме се да биде реализиран во рамките на времето коешто претходно беше дефинирано и зборуваше потпретседателот Николоски.
 
Уште еднаш благодарам на сите и очекувам во периодот којшто следи уште повеќе да ја интензивираме реализацијата на овие проекти.

Мени за пристапност