Добар ден и од мене.
Јас немам што да додадам на тоа што ете го кажаа и градоначалникот и министерот, само сакам да кажам дека сум исклучително задоволен што еве после отприлика една година, се сеќавам тогаш директно од пат дојдовме овде кога почнуваше да се реконструира овој културен дом во Ченто. Еве денеска после една година сме сведоци на неговото пуштање во употреба, реализација за Општина Гази Баба и за културниот живот во Општина Гази Баба ова ќе биде додадена вредност.
Јас му честитам на градоначалникот, честитам на пратениците во македонското собрание, на советниците на општината што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на луѓето коишто работат во општината се разбира на административците, на министерот, на Министерството за култура и на сите останати колеги во Владата коишто ја поддржуваат оваа програма којашто од буџетот финансира стотици проекти. Државата денеска е едно големо градилиште, повеќе од 1.000 проекти се изведуваат на различни локации нешто што за нас претставува навистина историско.
Во првиот квартал од годината имаме реализација на капитални инвестиции и коишто е поголема од 31/32% историски високо ниво и очекувам до крајот на годината не само што ќе ги реализираме туку и да го нафрлиме бројот на капиталните инвестиции.
Така што уште еднаш нека им е со среќа ова катче на жителите во Општина Гази Баба и да посакаме уште многу вакви репрезентативни објекти да ни се отвораат низ целата држава.
Ви благодарам.