Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Добар ден и од мене.
 
Почитувани присутни,
 
Почитувани претставници на медиумите,
 
За мене исто така претставува голема чест и задоволство што можам денеска да присуствувам на еден би рекол историски момент за Охрид и за охридското крајбрежје се разбира и за останатите општини коишто тука гравитираат, не само Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани итн. Со оваа реконструкција на охридскиот аеродром се зголемува самиот капацитет, квалитет и се надевам дека во рамките на предвидениот рок тоа ќе биде завршено.
 
Би сакал да изразам исто така големо задоволство што во првите два месеци од годината на скопскиот аеродром имаме зголемување од 30% на патници, на охридскиот аеродром околу 20% на патници и кога сето ќе се спореди со некои минати времиња како што и директорот на ТАВ Македонија кажа, очекуваме двоцифрен процент раст оваа година на патници на двата аеродроми и на скопскиот и на охридскиот.
 
Она коешто исто така сакам да го напомнам е дека разговараме и работиме со голем број туроператори коишто организирано треба да носат туристи на охридското крајбрежје.
 
Со еден сме веќе во завршна фаза на преговори, мислам и дека веќе сме и пред потпишување, односно случување на договор. Станува збор за туроператор којшто надвор од сезоната условно кажано, иако се трудиме сезоната да биде 365 дена овде, надвор од онаа летна сезона да донесе некаде вкупно околу половина милион ноќевања.
 
Анализите покажуваат врз основа на досегашната соработка со овој туроператор, дека гостите коишто тие ги носат дневно трошат вклучително со сместување и останатите трошоци, просечно околу 170 евра што ќе каже дека надвор од сезоната ќе имаме само во туризмот и угостителството на охридското крајбрежје отприлика околу 85 милиони евра што мислам дека ќе биде додадена вредност за економијата во овој регион.
 
Но, истовремено можност за хотелиерите и угостителите, да персоналот и вработените ги задржат и за периодот надвор условно кажано од летната туристичка сезона. Така што сепак ова е само еден, тоа значи секој ден 2.000 гости надвор од сезоната. Сега треба да поработиме заедно со сопствениците на сместувачките капацитети да може да се зголемат за таа бројка да не се дуплира во одредена мерка, па да имаме 4.000 гости коишто ќе дојдат од Скандинавија, Обединетото Кралство, од Германија, Франција, итн. тука на охридското крајбрежје и да поминуваат дел од своето време надвор од летната туристичка сезона.
 
Така што еве и тоа како еден вид убава вест на ова што денеска го почнуваме, нека е со среќа, да ни биде побрзо завршена оваа реконструкција и да можеме да сите ние ги почувствуваме придобивките од истата.
 
Ви благодарам.

Мени за пристапност