Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Повеќе од 1.200 проекти во моментов се реализираат низ целата држава - ќе продолжиме да инвестираме во проекти од областа на образованието

Мицкоски: Повеќе од 1.200 проекти во моментов се реализираат низ целата држава - ќе продолжиме да инвестираме во проекти од областа на образованието

Добар ден и од мене.
 
Јас би сакал исто така да се придружам на честитките на претходните говорнички — на градоначалничката и на министерката. Добро е кога се гради, добро е кога се исполнуваат потребите на најмалите, на децата, бидејќи ваквите објекти им се потребни за да го градат својот дух. Како што велевме: „Во здраво тело, здрав дух“, па така, кога спортувате, кога другарувате и кога се натпреварувате истовремено, тогаш го градите и својот дух во правилна насока, а тука е, нормално, и сето она коешто доаѓа со спортот.
 
Ние ќе продолжиме како Влада да поддржуваме вакви проекти и во периодот којшто следи. Нашата задача е да работиме и тоа коешто сме го ветиле да го испорачаме. Од ден на ден, дел од проектите коишто ги започнавме се завршуваат, помал дел се во фаза на реализација, а помал дел се отпочнуваат сега, така што јас би сакал уште еднаш да напоменам дека повеќе од 1.200 проекти веќе се реализираат на целата територија на државата. Мислам дека Македонија во моментот е претворена во едно големо градилиште, а тоа беше и целта на оваа Влада кога беше избрана, па во таа насока ќе продолжиме и понатаму.
 
За следната година, преку ЗЕЛС, ги охрабруваме градоначалниците да подготвуваат проекти во зависност од можностите. Исто така, како Влада, планираме дел од средствата да ги децентрализираме од централниот буџет кон општините за да може уште повеќе проекти да се реализираат. Така што, еве, тоа коешто беше приоритет продолжуваме и понатаму да го реализираме.
 
Уште еднаш честитки до градоначалничката за посветената работа, за сите оние во Советот коишто ја поддржуваат нејзината работа, а се разбира и до администрацијата, без којашто сите овие проекти е невозможно да се реализираат. Би сакал да ѝ се заблагодарам и на министерката за образование, како и на колегите од Владата коишто исто така го носат овој проект за финансирање проекти од Владата кон општините.
 
Нека е со среќа и голем број спортисти, успешни репрезентативци и репрезентативки да излезат од оваа сала, коишто со гордост, достоинство и успешни резултати ќе ги бранат боите на Македонија.

Мени за пристапност