Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Митева: Владата донесе одлука за инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари, одржана и тематска седница за програмите за работа

Митева: Владата донесе одлука за инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари, одржана и тематска седница за програмите за работа

Владата денеска одржа две седници, 47-та беше тематска седница наменета за програмите за работа на министерствата, агенциите и Јавните претпријатија за 2025 година како што се:

 

- програма за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија. Согласно Буџетот за програмски активности на Агенцијата предвидени се над 42 милиони денари, дел од средствата ќе бидат наменети за финансирање и кофинансирање на програмски активности, а еве и дел од нив се однесуваат на:

 

•     Претприемачко образование – биди претприемач или

•     Поддршка на женско претприемништво

 

- НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ЖЕЛЕЗНИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА

 

ПЕРИОД ОД 2025 ДО 2029 ГОДИНА во која се вметнати мерливи индикатори за зголемување на товарниот превоз и намалување на времето на патување за патничките возови

 

- Тука е и програмата за инвестирање во животната средина,

 

- програма за рамномерен регионален развој за 2025 година како и

 

- програмите за развој на спортот и програма за субвенции од областа на спорот за 2025 година.

 

Донесени се и многу други програми за работа, очекуваме сите институции во деновите што следат соодветно да ја информираат и запознаат јавноста!

 

На втората, редовна 48 -ма седница на владата се разгледуваа следниве точки:

 

Владата ја разгледа и усвои информацијата и за прв пат ќе се воведе нов семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството за деца од 0 до 6 години со доцнење во развојот и/или попреченост, а надлежноста за ова ќе припадне на Министеството за здравство, Министеството за социјална политика, демографија и млади и Министеството за образование и наука. 

 

Да се грижиме заедно за нашите деца!

 

Продолжуваме и со поддршката за општините!

 

Следната недела, Министерство за локална самоуправа ќе го објави вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари. Ова е показател дека пред нас е градежен бум во сите општини, во сите региони на нашата земја.

 

И вториот повик, како и првиот, ќе поддржи проекти во областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, социјалната политика и образованието. Ветивме развој на општините, тоа и го реализираме

 

Останете информирани, посетувајте го стајтот vlada.mk за новитети и одлуки кои имаат за цел да го подобрат Вашето секојдневие!

Мени за пристапност