Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Димовски на средба со новоименуваната амбасадорка на Кина Н.Е. Џианг Сјаојен

Димовски на средба со новоименуваната амбасадорка на Кина Н.Е. Џианг Сјаојен

Заменикот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, оствари протоколарна средба со новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија, Н.Е. Џианг Сјаојен.

На средбата беше истакнато дека Република Македонија и Народна Република Кина ги воспоставија дипломатските односи на 12 октомври 1993 година, на ниво на амбасади, и дека тие континуирано се развиваат во духот на заемно почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и рамноправноста.

Двете страни оценија дека постои силна основа за натамошно унапредување на билатералната соработка, особено во сферата на трговијата, бидејќи Кина е еден од најголемите трговски партнери на Македонија. Во следниот период ќе се работи на интензивирање на трговската размена, со посебен фокус на зголемување на присуството на македонски производи на кинескиот пазар.

Како области со значителен потенцијал за развој беше посочена и соработката во туризмот, со заеднички интерес за промоција и олеснување на туристичките движења меѓу двете земји.

Амбасадорката Сјаојен пренесе дека Кина останува доследен и доверлив партнер на Македонија на нејзиниот пат кон развојот и изрази подготвеност за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес.

Мени за пристапност