Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Настан по повод Одбележувањето на 3-ти Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

Настан по повод Одбележувањето на 3-ти Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

На 03.12.2025 година, по повод одбележувањето на Меѓународен ден на лицата со попреченост – 3 Декември, Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Канцеларијата на претседателот на Владата на РСМ, организира настан во Влада.

На настанот се обрати Заменик претседател на Владата за политички систем Љупчо Димовски  министерот за социјална политика демографија и млади, Фатмир Лимани, в.д. постојан координатор на ООН во РСМ, Армен Григорјан и координатор на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, м-р Снежана Трпевска. 

Настанот го модерираше заменик член на НКТ, Христина Проскоска, а програмата ја збогатија учениците од ДСУРЦ „Димитар Влахов“ – Скопје.

Фокус на настанот беше темата на Обединетите нации за 2025 година „Поттикнување на инклузивни општества за лицата со попреченост, со цел унапредување на социјалниот развој“ – која ја нагласува потребата секој човек да биде вклучен и овозможен да даде свој придонес.

Лицата со попреченост, се дел од секое општество, и нивното вклучување во образованието, економијата, културата и јавниот живот, не е само прашање на социјална правда – тоа е предуслов за траен и одржлив развој.

Токму затоа денес, не зборуваме само за статистики или закони. Говориме за конкретна одговорност на институциите, на државата и на секој од нас. Целта е јасна: да создадеме општество кое е достапно, инклузивно и праведно – општество во кое, никој не е оставен зад себе.

Инклузијата на лицата со попреченост е предуслов и двигател на трајни промени, основа за праведен развој и мерило на зрелоста на секое општество.

Мени за пристапност