Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Трипуновски: Досега откупени 100.000 јагниња и над милијарда денари исплатени за грло овца

Трипуновски: Досега откупени 100.000 јагниња и над милијарда денари исплатени за грло овца

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Прилеп ќе одржи работен состанок со Сојузот на одгледувачи на овци и со претставници на здруженијата, на кој ќе разговараат за актуелните состојби во делот на овчарството и откупот на јагнето.

„Досега се откупени и заклани некаде околу 100.000 јагниња. Цената по која што моментално се откупува јагнето е околу 280 денари, која што е многу повисока од минатата година. Во наредниот период ќе продолжи откупот на јагнето“, појасни министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека денеска со здруженијата ќе разговара во делот на идните активности на оваа сточарска гранка.

„Согласно ветувањата дадени пред одгледувачите на овци, ги исплативме субвенциите за грло овца кои што се за 2025 година, речиси над милијарда денари. Со ова практично ја затвораме исплатата кон оваа сточарска гранка“, истакна тој.

Министерот Трипуновски нагласи дека се посветува сериозно внимание за да се раздвижи сточарството во државата. 

Мени за пристапност