Во текот на денешната посета на Општина Чучер Сандево и увидот на градежните активности во изградбата на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, претседателот на Владата Христијан Мицкоски беше запрашан од новинарите за изборот на новиот државен јавен обвинител. Премиерот посочи дека во текот на денешниот ден Владата на владина седница ќе одлучи и предлогот ќе го достави до Собранието.
„Денес ќе имаме владина седница и на таа владина седница ќе се дознае името на идниот јавен обвинител или обвинителка и ќе биде доставено до Парламентот“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.