Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Очекувам денеска да има повторно намалување на цената на дизел горивото и безоловниот бензин

Влада на Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на денешната нова одлука на Регулаторната комисија за енергетика за цените на нафтените деривати и кога се очекува нов ребаланс, изјави:
„Да, видете ние водиме паралелна евиденција, што се вели, ги следиме берзите и врз основа на тоа што ние го следиме, очекувам дека денеска ќе има повторно намалување на цената на безоловните горива и на дизелот. И ние остануваме држава со најниски цени кога станува збор за дизел горивото и за безоловниот бензин и 95 и 98 октани. Отприлика од 25 до 50 центи по литар е поевтино кај нас горивото отколку во соседството. Нормално тоа си има своја цена. Цената е отприлика 7 до 8 милијарди денари и затоа за да се избалансираат сите овие работи, ние ќе правиме ребаланс. Очекувам во текот на овој месец да биде завршена процедурата. Така што за нас прв приоритет е стандардот на граѓаните и во овие тешки услови во светот кога насекаде имаме жаришта, конфликти, војни од епски размери, се трудиме колку-толку да ја одржиме стабилноста на цените и да го одржиме она коешто претставува дух на инвестиции и да продолжиме да се развиваме во периодот којшто следи.“

Мени за пристапност