Добар ден и од мене.
Јас не би имал што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерката.
Би сакал да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата од Општина Гази Баба, на пратениците, на министерката, на Министерството за образование и наука за посветената работа при реализацијата на овие проекти, коишто се многу значајни во развојот на децата и образовниот процес на истите.
Очекувам уште многу вакви проекти коишто во периодот што следи ќе бидат реализирани.
Тоа е она коешто можам да го кажам, да го испорачаме она коешто сме го ветувале.
Тоа е суштината на политичарите.