Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-претседателот во Владата и Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на седницата на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања во Собранието на РСМ

Заменик-претседателот во Владата и Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на седницата на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања во Собранието на РСМ
Денес, Заменик-претседателот во Владата и Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Беким Сали, учествуваше на седницата на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања во Собранието. За време на дискусијата беше претставена програмата и стратегијата на претседавањето на Европската Унија од страна на Република Кипар за периодот јануари–јуни 2026, од страна на амбасадорот Андреас Фотиу.
 
Во својот говор, министерот Сали истакна дека европската интеграција не е бирократски процес, туку стратешки и цивилизациски избор кој ги обединува власта, опозицијата, институциите и граѓаните. Тој додаде дека Северна Македонија е подготвена да ги исполни своите обврски, да ги спроведе реформите и да биде дел од европските решенија за заедничките предизвици, истакнувајќи ја важноста на конкретните реформи и опипливите придобивки за граѓаните.

Мени за пристапност