Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на повеќе од 1200 локации

Мицкоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на повеќе од 1200 локации

Добар ден и од мене.
Јас немам што да додадам на тоа што веќе го кажа и градоначалничката и потпретседателот на Влада и министер за транспорт. Би сакал само да им честитам за посветената работа на Општина Неготино, на градоначалничката, на советниците, на администрацијата којашто ја поддржува работата на градоначалничката. 
Да му честитам и на пратеникот којшто доаѓа од Неготино, којшто секогаш се бори за проект повеќе. 
Да се заблагодарам за посветеноста на мојот колега од Владата и впрочем на сите колеги од Владата бидејќи денеска Македонија е едно големо градилиште, се гради на повеќе од 1.200 локации, низ целата територија на државата. Нешто што досега е незабележано во поновата историја на независна Македонија. И ќе продолжиме и понатаму да ги довршуваме овие проекти.
Единствено лоша вест сето ова коешто се случува во државата е оние коишто не и мислат добро на државата, оние коишто не сакаат Македонија да успее, само тие не успеваат да го видат сето она коешто оваа Влада и овие градоначалниците го прават за граѓаните.
Јас би сакал уште еднаш да се заблагодарам на поддршката на граѓаните, којашто ни ја даваат изминативе години. Таа е наша инспирација да продолжиме да работиме уште попосветено во периодот којшто следи, затоа што после децении, после долги години, децении, би рекол, стагнација и просечност, очекуваме конечно од оваа година, да почнеме сето она коешто го стабилизиравме во изминативе две години, да почнеме да го реализираме и да излегува на виделина. Она коешто ќе додаде квалитет во животите на нашите сограѓани. 
Така што, уште еднаш голема благодарност и до вас медиумите коишто не следите насекаде и се надевам дека и во периодот којшто следи нашата соработка и сето она коешто го испорачуваме за граѓаните ќе продолжи во уште позасилен интензитет.
Ви благодарам.

Мени за пристапност