Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Пораст на извозот во февруари за отприлика 12% во евра споредено со претходната година

Влада на Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на бројките кои го покажуваат извозот во државата и каков тренд се очекува во наредниот период, изјави:


„Па во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика извади еден податок којшто е, би рекол охрабрувачки, но тој е за првите два месеци, за јануари и февруари, пред да почне кризата. Практично во февруари се нивелираше тоа што се пропушти во јануари поради протестот на превозниците. Имаме пораст на извозот во февруари за 12 отприлика проценти во евра, споредено со претходната година. И отприлика 10% увозот е зголемен во евра, споредено со истиот период од минатата година. Или ако се земат првите два месеци, отприлика и извозот и увозот растат со истата динамика од 2,4%. Што значи дека немаме намалување како што постоеше стравувањето, туку имаме зголемување. Но тоа се однесува на првите два месеци, сега ќе видиме како ќе бидат следните месеци, март, април. И во зависност од тоа колку ќе биде длабока кризата, така и ние ќе се однесуваме практично.“

Мени за пристапност