Добар ден и од мене, секој ден се трудиме дел од оние проекти коишто ги започнавме да ги завршуваме, полека но сигурно со пролетта сега и со летото голем дел од тие проекти коишто се почнати се финишираат и ќе го добиваат она светло коешто го заслужуваат.
Еден од тие објекти е и оваа спортска сала, отприлика вака како што е конфигурирана е со капацитет од илјада гледачи. Гледате условите се навистина светски, европски. Можеби во моментот најсовремен ваков објект, од овој карактер на ниво на цела држава. Сигурен сум дека не само младите од Кисела Вода, туку и од градот Скопје, па и пошироко ќе спортуваат, ќе се натпреваруваат, ќе другаруваат и зашто да не се изродат европски и светски мега ѕвезди коишто се најголеми амбасадори на една држава.
Јас би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на исклучително добрата и успешна соработка со градоначалниците на општината Кисела Вода и на градот Скопје, на министерот за спорт, на сите колеги од владата коишто ја препознаа целта на онаа наша иницијатива уште кога како влада го започнавме овој мандат пред 2 години, да преку трансфери кон општините помагаме за социјалниот развој на истите и да бидат додадена вредност тие трансфери во квалитетот на животот на граѓаните, бидејќи на првата линија се општините.
Така ќе продолжиме и во иднина, и мене ми е исклучително големо задоволството кога ќe можеме да пуштиме во употреба еден ваков тип на објект.