Добар ден и од мене. Денеска заедно со градоначалникот на Штип сме во производниот погон на „Актива Штип“.
За мене навистина претставува задоволство што еве и ние како Влада сме на некој начин учествувале да овој производен капацитет добие поинаква физиономија, односно да сопствениците на „Актива Штип“, користејќи го оној заем за којшто зборувавме во минатото, вложат во нови поразводни капацитети, а тие нови производни капацитети имаат голема додадена вредност во македонската економија и во локалната економија, овде во Штип.
Слушнавте 580 луѓе работат во „Актива“.
Јас од тоа што можев да го видам, но низ поинаква оптика како машински инженер, можам да кажам дека сум исклучително пријатно изненаден и воодушевен, посебно од роботските системи коишто паралелно работат, коишто произведуваат, додаваат вредност и како што кажав ова многу значи за Македонија како држава, за нас како Влада, но и ќе повторам и локалната економија приходува од сето ова кое што денеска се создава во производните капацитети на „Актива Штип“.
Јас можам да им честитам на сопствениците и да кажам дека како Влада, како и до сега, така и во иднина, еве скоро две години во јуни ќе се направат откако сме избрани како Влада, ќе сториме се што е потребно македонските компании да добијат услови коишто ќе им овозможат да се развиваат, а со тоа и да ја развиваат македонската економија.
Тоа е наш приоритет, така се однесувавме до сега, така и ќе се однесуваме и од сега.
Овој навидум на почетоците мал семеен бизнис, денеска прераснува во гигант за македонски услови и уште еднаш еве моите комплименти за ова што успеав денеска да го видам.
Мислам дека се повеќе од 45.000 квадрати под покрив, со, би рекол, една софистицирана напредна технологија.