Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Владата останува да фокусира на  вистинска потреба на граѓаните и државата, изјавите на СДСМ за мигрантите се дифузни

Влада на Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање-какви се вашите коментари во однос на наодите од опозицијата по однос на темата за мигрантите дека Венко Филипче алудира на тоа дека ќе дојдат економски работници, изјави:

„Видете, јас се обидувам некако во моите последни изјави да не ги коментирам изјавите коишто доаѓаат од СДСМ, бидејќи се изјави коишто се стихијни, дифузни и немаат никакво значење, т.е. имаат единствено значење, а тоа е преку креирање на лажна перцепција и растурање на пердуви да се обидат да нанесат штета на работата на Владата, бидејќи нивните изјави никогаш не се конструктивни. Туку се најчесто полни со лага, конструкција и тоа во јавните односи, се вика, како да нанесете штета на Владата којашто се бори во услови на криза и предизвици.

Во ред, тие одбрале таква стратегија, таа е лажна, погрешна стратегија. Но, ќе се повикам на онаа позната Наполеонова изрека којашто вели дека: „можеби не треба да му се помага на противникот кога греши“. Така што ние остануваме да се фокусираме на она што претставува вистинска потреба на граѓаните, приоритет на граѓаните и на државата.

Ние сме сериозна Влада. Влада којашто се обидува да ги антиципира предизвиците. Ако навремето коленичивме за ковид-кризата за пет илјади вакцини, ние денеска ги помагаме соседните држави во услови на криза кога се потребни агрегати за генерирање на електрична енергија, кога ќе треба од зоната на воени дејства  да пренесеме странски држави, односно државјани на нашите соседи, тоа да го направиме. Еве, нашите ресурси се ставени на располагање на соседните држави и на граѓаните од соседните држави за поевтина цена да полнат гориво.

Така што сега гледаме поинаква Македонија од онаа којашто беше ограбена, понижена и на колена од неколку години во времето на Владата на СДСМ и ДУИ. Тие имаа шанса, шансата ја пропуштија, така што им треба многу време да поминат во опозиција за да сфатат дека грешат.“

Мени за пристапност