Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа на првиот состанок на БИОФИН - нови механизми за финансирање на биодиверзитетот

Хоџа на првиот состанок на БИОФИН - нови механизми за финансирање на биодиверзитетот

Проектниот одбор на проектот „Финансирање на биодиверзитетот (БИОФИН)“ во Република Северна Македонија го одржа првиот состанок, на кој имаше говор министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, а присуствуваа и резидентниот претставник на УНДП Армен Григоријан и заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Во својот говор министерот Хоџа истакна дека Министерството континуирано работи на заштита и зачувување на биолошката разновидност, унапредување на системот на заштитени подрачја и усогласување на националното законодавство со европските директиви. 

Тој посочи дека во изминатиот период е постигнат значителен напредок во валоризацијата на природните вредности и во процесите за прогласување нови заштитени подрачја.

Според министерот Хоџа,  во услови на растечки притисоци врз природата, потребен е системски и финансиски одржлив пристап за заштита на биодиверзитетот.

„Проектот БИОФИН ни дава можност природата да ја поставиме како централна вредност во креирањето политики и буџети, преку соработка на институциите и партнерите и воспоставување долгорочен и ефикасен систем за нејзина заштита“, истакна Хоџа.

Мени за пристапност