Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба во Брисел со Генералниот директор за проширување на ЕУ

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба во Брисел со Генералниот директор за проширување на ЕУ
Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, г. Беким Сали, оствари официјална средба во Брисел со Генералниот директор за проширување на Европската Унија, г. Герт Јан Купман.
 
За време на средбата се разговараше за спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст, постигнатиот напредок во областа на дигитализацијата, како и за клучните реформи во рамки на процесот на европска интеграција. Беа истакнати конкретните придобивки за граѓаните и бизнис-заедницата, вклучително и пристапувањето кон Единствената европска платежна област (SEPA), како и унапредувањето на дигиталните иницијативи, меѓу кои и проектот WiFi4WB.
 
Соговорниците разменија мислења и за третото барање за ослободување на средства во рамки на Реформската агенда, за текот на спроведувањето на реформските патокази, како и за актуелните предизвици поврзани со Системот за влез/излез и трговските политики на Европската Унија. Во овој контекст, беше нагласена важноста на континуираната соработка и ефективната меѓуинституционална координација за успешно остварување на заедничките цели.
 

Мени за пристапност