Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали: Уште еден конкретен европски успех – 65,7 милиони евра за Северна Македонија

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали: Уште еден конкретен европски успех – 65,7 милиони евра за Северна Македонија
Република Северна Македонија обезбеди 65,7 милиони евра во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст, како резултат на реализираните реформи и конкретниот напредок постигнат во изминатиот период.  
Овој резултат претставува силна потврда за институционалната посветеност, меѓуинституционалната координација и сериозниот пристап во спроведувањето на Реформската агенда. Во третиот извештаен период државата пријави 21 реализиран реформски чекор, од кои 16 се позитивно оценети, а три чекори се реализирани пред предвидениот рок.  
 
Во рамки на овој мониторинг циклус беа следени вкупно 44 реформски чекори, додека институциите продолжуваат интензивно да работат и на чекорите што се во грејс период до јуни и декември 2026 година.
 
Реформите веќе носат конкретни резултати во клучни области, меѓу кои:
 
* нова методологија за финансирање на основното и средното образование;
* интернет и ИТ-опрема во 160 основни училишта;
* унапредување на дигиталните услуги и електронската идентификација;
* реформи во управувањето со јавните финансии;
* поголема институционална транспарентност и намалување на бирократските процедури.  
 
Од обезбедените 65,7 милиони евра:
 
* 30,6 милиони евра директно ќе бидат префрлени во државниот буџет;
* останатите средства ќе бидат наменети за развојни проекти и стратешки инвестиции преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.  
 
Овој резултат потврдува дека европската интеграција се претвора во конкретни инвестиции, реална поддршка и директни придобивки за граѓаните. Патот кон Европската Унија останува стратешки приоритет на државата, а институциите ќе продолжат со истата динамика во спроведувањето на реформите и европските обврски.  
 

Мени за пристапност