Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа: Зајакнувањето на инспекциските капацитети е клуч за ефективна заштита на животната средина и европскиот пат на земјата

Хоџа: Зајакнувањето на инспекциските капацитети е клуч за ефективна заштита на животната средина и европскиот пат на земјата

Денеска во Скопје беше означено завршувањето на значаен ЕУ Твининг проект посветен на зајакнување на административните капацитети за спроведување на европското законодавство во областа на животната средина. На настанот се обрати министерот за животна средина и просторно планирање,  Муамет Хоџа, кој ги сумираше постигнатите резултати, предизвиците и идните чекори во насока на подобрување на ефикасноста и примената на еколошките прописи.

Министерот Хоџа нагласи дека заштитата на животната средина претставува директна инвестиција во здравјето на граѓаните, чистиот воздух, здравата вода, зачуваниот биодиверзитет и одржливата иднина за генерациите што доаѓаат, а не само техничка обврска или формален услов на нашиот европски пат.

Низ изминатиот период, преку интензивна соработка меѓу домашните институции и европските партнери од Шпанија и Грција, успешно се работеше на надградба на процедурите, знаењата на администрацијата и инспекторите. Како што беше истакнато, законите се добри само онолку колку што знаеме и можеме делотворно да ги примениме на терен.

На настанот беше потцртано дека завршувањето на овој проект не претставува крај на работата, туку нова почетна точка. Европските стандарди во оваа област бараат долгорочна посветеност, засилена инспекциска контрола, подобра меѓуинституционална координација и активна вклученост на целата јавност. Стекнатите искуства и изработените алатки ѝ овозможуваат на државата поодлучно да одговори на секојдневните еколошки предизвици.

Во рамките на обраќањето, беше упатена искрена благодарност до тимот европски експерти за нивната посветеност, до вработените во Државниот инспекторат за животна средина и партнерските институции за нивната активна соработка, како и до Делегацијата на Европската Унија во Скопје за континуираната финансиска и техничка поддршка.

Мени за пристапност